ЗОИ 2018: Двојна победа за Русинките во сингл уметничко лизгање

Младата руски лизгачката Алина Загитова (15) го освои првиот златен медал за Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше во сингл уметничко лизгање.

За Рускиот тим, кој на ЗОИ се натпреварува под Олимпиското знаме, успехот го надополни Евгенија Медведева со сребрениот медал.
Третото место и бронзениот медал се за Кетлин Осмонд од Канада.

Русите на два дена до крајот на Игрите во Пјонгчанг имаат еден златен, пет сребрени медали, како и осум бронзени медали.

Натпреварувачкиот дел на уметничко лизгање заврши и остануваат само егзибициите закажани за в недела. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер