Дебата: Новиот закон за јавни набавки ќе овозможи заштита од корупција

Јавните набавки треба да бидат привлечни за корисниците, со ефикасни и едноставни постапки, а не дополнително оптоварување во работата, порачааа учесниците на првата јавна дебата за новиот предлог закон за јавни набавки.

Според директорот на Бирото за јавни набавки, Ѓорѓи Георгиевски, новото законско решение кое треба да се дефинира по забелешките од бизнис заедницата, ќе обезбеди заштита од корупција и контрола врз основа на која ќе се утврди одговорност. Во соработка со Светска банка се спроведува проект за црвени знаменца кои ќе се вградат во електронскиот систем за јавни набавки и ќе бидат показатели на корупција.

Во законот се воведува и претходна контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки. Со неа ќе бидат опфатени поголемите јавни набавки, како и набавки одбрани по одредени принципи и ризици.

- Контролата на набавките ќе се врши системски и тоа ќе биде добро решено. Системот ќе одредува заедно со показателите за црвени знаменца или на секој петти или десетти оглас, изјави Георгиевски.

Законот предвидува да се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, во вид на електронски каталог, што ќе овозможи нивно брзо и ефикасно решавање. Тие набавки треба да се олеснат со предложеното подигање на нивниот праг од сегашните 500 евра на 1.000 евра во класичниот сектор и на 2.000 евра во секторските дејности.

- Ги решаваме проблемите на многу училишта и градинки бидејќи има дефицит на кадар што работи во јавни набавки и исто така со зголемувањето на прагот на јавни набавки ние уште сме под сите држави од регионот, значи не се значително зголемени за да имаме страв од зголемена корупција, појасни Георгиевски.

Министерот за финансии Драган Тевдовски потенцираше дека целта на новиот закон е да ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време да ги направи поедноставни и полесни за примена. Со него, како што потенцираше, се воведува задолжителна обврска за објавување на договорите и останатата документација од секоја поединечна јавна набавка на Електронскиот систем за јавни набавки.

- Во согласност со европските правила и пракса, новиот закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. Притоа, договорниот орган зависно од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот, објасни Тевдовски на дебатата пред претставниците на стопанските комори во државата.

Со новиот закон, дополни, се вградуваат и забелешките на Европската комисија и домашната стручна јавност во поглед на електронските аукции. Во минатото, како што објасни Тевдовски, задолжителните електронски аукции дале добри резултати во некои случаи, но во одредени постапки довеле до незаконско договарање на понудувачите и пораст на цените во отсуство на вистинска конкуренција.

Според наодите на СИГМА, заедничка иницијатива на ЕУ и на ОЕЦД за помош на државите од регионот во подобрување на јавното управување, македонскиот систем за јавни набавки е во согласност со главните обврски на ЕУ, но сеуште е премногу бирократски, фокусиран на формалности и многу често се занемарува ефикасноста.
- Новиот закон за јавни набавки треба да ги намали бирократските обврски со поголем фокус на ефикасност и ефективност, рече Мариан Лемке, претставник на СИГМА.

Во наредниот период јавни расправи за законот ќе се организираат во Штип и во Струга. Треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари следната година.

Родители од пеколот: До смрт ги претепале своите едномесечни близначки, имале скршеници

Анџелина Белинда Калдерон и Фернандо Вега, двајцата на 21 години, од Хјустон, Тексас, се обвинети дека до смрт ги претепале своите едномесечни близначки.

Полицијата открила дека бебињата претрпеле повеќе модринки и скршеници за кои медицинските експерти претпоставувале дека биле предизвикани од серија трауми од тапа сила.

Една недела по ужасниот настан, мајката на близнаците отворила страница GoFundMe за да собере пари за погребите на девојчињата. Меѓутоа, полицијата тогаш открила дека таа и таткото на девојчињата се одговорни за смртта на новороденчињата.

Полицијата во Хјустон пристигнала во дом во близина на Линден Крик Лејн на југоисточната страна на градот веднаш по 11 часот на 4 октомври 2023 година, по повик 911. Кога влегле, откриле дека Масаил и Мирена Вега трагично починале.

Според судските документи, Вега на полицијата ѝ рекол дека откако ја однел на работа неговата сопруга, мајка на близнаците, ги нашол бебињата во креветчињата како не дишат. Тој тврдел дека ја оставил баба му да се грижи за нив додека тој бил отсутен.

Таткото ѝ рекол на полицијата дека тој и уште еден член на семејството се обиделе да ги оживеат бебињата, но не успеале. Извештајот од обдукцијата покажал дека двете бебиња биле покриени со модринки.

Д-р Хесус Рико, патолог од Институтот за судска медицина во округот Харис, рече дека првото дете имало неколку повреди, вклучувајќи дехидрација и контузии на различни делови од телото, како и скршеници што укажуваат на претходно злоставување. Тој ги известил надлежните дека овие повреди се нанесени намерно, а не случајно, пренесува Дејли Меил.

Другата близначка, исто така, имала модринки по телото, како и гребнатинки и скршеници, за кои се верува дека се во согласност со физичко малтретирање.

Лекарот нагласил дека овие повреди не се случајни и дека настанале во неколку инциденти. Наводно, имало три различни настани.

Двете близначки биле неухранети, при што едното покажало акутно мозочно крварење, додека другото претрпело крварење во мозокот и 'рбетниот мозок, што укажувало на неодамнешна траума. Патологот објаснил дека овие повреди може да се предизвикани од секундарна или директна траума со тап предмет.

Мајката и таткото моментално се во притвор.

Педофилот кој беше изрешетан од полицијата во Сиетл, бил воен лекар (Вознемирувачко видео)

Лицето кое беше брутално изрешетано од полицијата минатата недела во хотел во Сиетл за време на антипедофилска операција, е идентификувано како пензионираниот армиски лекар Брус Ковал Менели.

Менели е убиен околу 15 часот на 17 април во хотелот „ДаблТри“ од страна на полицијата, пренесува Фокс 13.

Видеото снимено од боди кам, објавено од полицијата минатата недела, покажа операција за апсење на 67-годишната Менели, кој бил осомничена за сексуални злосторства врз деца.

Полицајците излегле од хотелската соба за да му пријдат и, според камерата, тој извадил пиштол од јакната.

Сите тројца полицајци пукале кон него и испукале околу 30 куршуми.

Според медицинските податоци, Менели починал од „повеќе прострелни рани“.

Менели бил капетан на морнарицата и лекар кој служел во заливот Гвантанамо и зборувал за Њујорк Тајмс во 2016 година за злоупотребата на пациентите во далечинскиот центар за притвор. Тој исто така бил командант на мултинационалната медицинска единица на НАТО Role 3 во Авганистан.

Менели ја напуштил функцијата во Гвантанамо во 2009 година, а потоа и во НАТО во 2012 година.

Според властите, Менели бил под истрага за наводно извршување на интернет злосторства врз деца.

Според началникот на полицијата Адријан Дијаз, осомничениот се среќавал со две девојчиња, на возраст од 7 и 11 години.

Еден полицаец бил ранет во ногата, но куршумот само го огребал. Повредите му биле полесни и не бил пренесен во болница. Други повреди немало.

Според кривичната пријава видена од FOX 13, Менели е обвинет за сексуални злосторства во 2017 година, кога бил уапсен за време на рација за трговија со луѓе/проституција во Бремертон. Детективите се претставувале како сексуални работници на интернет и договориле средба со Менели, но тој всушност бил пречекан од неколку заменици на шерифот на округот Кицап. Бројот на Менелиус бил поврзан со две одделни операции на проституција.

Во документите од 2017 година се наведува дека Менели за време на интервјуто со детективите признал дека бил уапсен за сличен прекршок во Тексас неколку години претходно. Потоа бил испратен на општествено корисна работа.

Незапаметени поплави во Кенија- најмалку 30 загинати (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати, како последица на катастрофалните поплави што ја погодија Кенија.

Како што јави Си-Ен-Ен, речиси половина од земјата е потопена, додека повеќе од 100.000 луѓе се загрозени.

Обилните дождови започнале во средината на март, но поројните дождови се интензивирале во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирале во речиси 200 спасувачки операции. Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден со поројни врнежи.

- Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. Окружната влада, и покрај нејзините најдобри напори, беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи - напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасиле 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа силно пренатрупани во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

– Сообраќајната полиција и нашиот технички тим се на терен за насочување на сообраќајот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, соопштија надлежните.

Кениските железници ги суспендираа приградските возови низ целата земја. Истовремено, метеоролозите најавија нови врнежи во поголем дел од земјава.

притисни ентер