Поранешната струмичка касарна ќе стане модерен комплекс

Нов мултикомплексен градски пазар, детска градинка, средно училиште универзитетски катедри, старечки домов се очекува да почнат да никнуваат на во кругот на поранешната касарна во Струмица.
Министрството за одбрана ја откочи постапката за предавање армиските објекти во владение на општината .

Со откочувањето на постапката општина Струмица конечно доби еден од објектите поранешната касарна во трајно владение.Станува збор за објектот наречен - Инкубатор во кој се сместени повеќи помали фирми но и телевизиската куќа ТВ Канал Вис.Општинските влати велат дека во моментов се подготвува трансферот и на останатите објекти во кругот на касарната.

Струмица е последната општина која доби имот од Министерството за одбрана во рамките на проектот „Старите касарни за нов локален развој“ од сите десет кои што беа опфатени со проектот.


Променливо облачно и посвежо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а  дневната од 16 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во недела се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава. Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. /МИА

Полицијата ќе едуцира за „Лето без пожари“

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје од денеска почнува со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари“.

Активностите ќе почнат напладне на паркингот кај „Свети Пантелејмон“ - Горно Нерези, на падините на Водно и ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот.

Од МВР информираат дека активностите ќе продолжат во текот на летниот период со превентивно делување со цел намалување на пожарите предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. /МИА

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Седма масовна средба на лица со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Се очекува на средбата да бидат присутни повеќе од 300 лица со телесен инвалидитет од целата држава.

Масовната средба се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“. Под тема на средбата се активностите за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Главен покровител на „Масовната средба 2018“ е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој ќе го обезбеди и организира просторот во нивниот двор, заедно со тематските и забавните содржини. Град Скопје го обезбедува автобускиот превоз на учесниците од внатрешноста на Македонија, а Мобилност Македонија од средствата од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на програмските активности за 2018 година го обезбедува превозот со автомобили и комбиња за лица кои не можат да користат автобуски превоз или немаат организиран автобуски превоз. /МИА

притисни ентер