Анѓушев за МИА: Грантот од ЕИБ само дел од потребните средства за изградба на пречистителна станица во Скопје

Парите од ЕИБ ќе бидат добиени заедно со почетокот на имплементацијата  на проектот чие чинење е проценето помеѓу 125 и 135 милиони евра. 

Најавениот грант од 10 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) на вчерашниот Самит за Западен Балкан во организација на Економист е само дел од потребните 125 или 135 милиони евра за изградба на пречиситителна станица во Скопје, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Парите од ЕИБ ќе бидат добиени заедно со почетокот на имплементацијата на проектот чие чинење е проценето помеѓу 125 и 135 милиони евра. Се очекува консултатнот – франсцуски Еџис конечно да го каже своето мислење за вредноста на проектот кој ќе биде финасиран комбинирано од ЕИБ и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Средствата ќе се добијат паралелно со имплементирање на проектот и склучување на договорите со финансиските институции и банките, изјави Анѓушев за МИА.

Тој посочи дека веќе е готова техничката документација за изградба на пречистителната станица и оти заврши физибилити студијата, а покрај начинот на изградба на пречисителната станица треба да се одговори и како ќе се реконструира канализациската мрежа во Градот Скопје. Тендерската постапка треба да се објави на крајот на годинава или на почетокот на идната, проектот би требало да се реализира во следните две години, а потоа да почне со функција.

-Мрежата треба да претрпи реконстурирање зошто нема да се постигне никаков ефект доколку се направи пречистителна станица до која нема да стигнат сите отпадни води. Затоа е потребно паралелено да се предложи и план за реконструкција на целокупнта мрежа во Градот Скопје и треба да се донесе одлука за колкава пречистителна станица ќе станува збор. Наш став е дека треба да биде сеопфатна за сите жители на територијата на регионот на Скопје заедно со сите општини и приградски населби, потенцира Анѓушев.

Изградба на такви пречистителни станици, како што кажа, предвидена е во сите општини во земјава.

-Во пристапот кон Европската Унија ние сме обврзани да ги запазиме еколошките стандарди, а тоа значи дека секој град и поголемо наслено место ќе мора да има пречистителна станица за отпадни води. Дел од нив ќе се градат преку средства од ИПА, а дел преку владини срества, рече Анѓушев и потсети дека во минатиот период се пуштија во употреба пречисителни станици во Кичево, Прилеп, Струмица, Кочани,…

Некаде, посочи, веќе се обезбедни средства за изградба на пречистиелни станици, а некаде се прават проекти.

-Во рок од десетина години сите градови мора да бидат опфатени со пречистиелни станици. Тоа се скапи проекти, но нема алтернатива за нивно спреведување и мора да е реализираат. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер