Ангеловски: Блиску сме до првата победа, ни треба единство и сплотеност

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз од Пик Сегед.

- Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навивачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во Лигата на шампионите има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина, изјави тренерот на македонскиот ракометен шампион.

Еурофарм Пелистер вчеравечер претрпе минимален пораз во Лигата на шампиони од Пик Сегед. Гостите со гол во последните секунди славеа со 28:27.

Блинкен пристигна во Лаос на разговори со партнери од Југоисточна Азија

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен утринава пристигна во Лаос и ја започна новата турнеја низ Азија, при што има намера да го реафирмира лидерството на САД наспроти зголеменото влијание на Кина.

Блинкен треба да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виентиан, посветен на Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море.

Се очекува Блинкен да се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Ова е 18-та турнеја на Блинкен низ Азија откако ја презеде функцијата пред повеќе од три години, што ја одразува конкуренцијата меѓу САД и Кина.

За време на турнејата, покрај Лаос, Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипините, Сингапур и Монголија.

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ

Вкупно 58 отсто од жителите на земјите членки на ЕУ се оптимисти за иднината на Унијата, а 55 проценти од нив изјавиле дека се сигурни во силата на европската демократија, покажуваат најновите резултати од истражувањето Евробарометар. 

Од друга страна, 37 отсто од анкетираните Европејци изразуваат песимизам околу иднината на ЕУ, а додека 41 проценти не се уверени во јачината на демократијата во блокот.

Како главни предности на ЕУ, 38 отсто од испитаниците ги идентификувале почитувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото, 34 проценти нејзината економска, индустриска и трговска моќ, а 28 отсто добрите односи и солидарност меѓу земјите членки на Унијата.

Како приоритетни области на кои треба да се посвети ЕУ, по 33 проценти од анкетираните ги посочиле заштитата на животната средина и борбата со климатските промени и справувањето со илегалната миграција, за 29 отсто тоа се безбедноста и одбраната, за 25 проценти војната во Украина. Дури 64 отсто од граѓаните на ЕУ загрижени за безбедноста на ЕУ во следните пет години.

Половина од анкетираните или 50 отсто, токму војната во Украина ја сметаат за најголем предизвик со кој се соочува ЕУ, по што следуваат илегалната миграција, која за главен предизвик ја сметаат 41 отсто Европејци и животната средина и климатските промени, кои се врвен предизвик за 35 проценти од испитаниците.

Доверба во перформансите на европската економија во следните пет години искажале 51 отсто од Европејците, додека 45 проценти се скептични во однос на економските перспективи до 2029 година.

На прашањето „кои вредности најдобро ги отсликуваат ЕУ во споредба со другите земји во светот“, по 53 отсто од Европејците ги посочиле почитувањето на основните права и вредности, како и слободата на говор и изразување.

Анкетата е спроведена помеѓу 25 јуни и 2 јули годинава и со неа биле опфатени 25.658 граѓани од сите 27 земји членки на ЕУ.

ИОК се извини за погрешното име на делегацијата на Јужна Кореја на отворањето на Олимпијадата

 Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја.

- Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на Јужна Кореја за време на церемонијата на отворањето, се вели во соопштението на ИОК на официјалните социјални медиуми на корејски јазик.

Олимписките игри се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август.

притисни ентер