Андоновска: Апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна

Суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ.

По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот.

- Нашата обврска и наша работа е по констатирањето на позитивен случај, да дадеме препораки на семејството за изолација. Но, за морбилите нема изолација пропишана со закон и останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Инаку, се земени и од оние лица кои веќе работеле со него и од медицинските лица направени се анализи и истите се следат, соопшти Андоновска во денешната изјава за медиуми.

Таа повтори дека и во двата случаја годинава, децата не биле вакцинирани со вакцина против мали сипаници.

Во семејството на вториот случај, 12-годишен жител на село Долно Коњаре, општина Петровец, две од пет деца не биле вакцинирани. Родителите одбивале да ги вакцинираат двете деца кои не примиле вакцина за заштита од морбили.

- Тоа што можам да го кажам, е, дека според епидемиолошката анкета што е направена, исказите се дека немало многу контакти, ниту пак детето одело на училиште во населбата Петровец, село Долно Коњари. Според епидемиолошката анкета, родителите кажуваат, а и самото дете, дека изминатите денови, откако се вратило од подрачјето каде престојувало во Србија, не одело на училиште ниту тоа, ниту неговото братче, кое исто така не е вакцинирано и негираат повеќе контакти. Велат дека контактите се во кругот на семејството, рече Андоновска.

Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село.

Според податоците на ИЈЗ, лани бил пријавен еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани биле вкупно 2.020 заболени. Епидемии биле регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната евидентирана епидемија од ова заболување, регистрирана во 2018 година, а завршена во 2019, била со вкупно 1.901 регистрирано лице, во 24 градови низ државата.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје - 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје - 85,9 отсто.

- Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираа вчера од ИЈЗ. /МИА

Наредена евакуација во австралиската држава Викторија поради пожар на 28.000 хектари

Властите на австралиската држава Викторија издадоа наредба за евакуација на стотици жители поради неколку пожари, од кои најголемиот избувна на околу 241 километар западно од Мелбурн.

-Еден од пожарите, предизвикан од удари на гром во вторникот, се прошири во текот на ноќта и сега гори повеќе од 28.000 хектари, соопшти Службата за итни случаи на Викторија.

Околу 400 пожарникари работат на гаснење на пожарот во Викторија, користејќи повеќе од 100 танкери и 25 авиони.

Спикерот гаши на средба со средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије

Претседателот на Собранието на РепубликаМакедонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш,

Претседателот на Собранието на РепубликаМакедонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, кој претстојува во возвратна официјална посета на земјава со група пратеници. На средбата присуствуваа пратениците: Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Туркије, Никола Мицевски, Фатмир Битиќи, Мевмед Џафери и Мерита Колчи Коџаџику, членови на Групата и генералната секретарка, Марина Димовска.

Претседателот Африм Гаши изрази задоволство од реализирањето на возвратната посета на претседателот Нуман Куртулмуш, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во земјава. Тој нагласи дека турската зедница е консткруктивен дел од општественото ткиво на Република Македонија и клучен фактор за соживотот во земјата.

Претседателот на Собранието нагласи дека Република Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство, а меѓусебната соработка е динамична на сите нивоа и особено на парламентарно ниво. Тој изрази уверување дека средбите меѓу пратениците од двете собранија во голема мера може да придонесат за натамошно унапредување на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Туркије.

Гаши изрази благодарност за целокупната поддршка што Република Туркије ѝ ја пружа на Република Северна Македонија уште од независноста и нагласи дека Туркије меѓу првите држави ја призна нашата земја и прва отвори амбасада и назначи амбасадор во Скопје.

Претседателот на Собранието на Република Македонија се осврна на и економската соработка меѓу двете земји, при што посочи дека Република Туркије е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и континуирано инвестира во нашата економија.

Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, изрази задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Туркије и Република Македонија и нагласи дека двете земји земји ги поврзува историско и длабоко вкоренето пријателство. Тој изрази задоволство што присуството на претседателите на Големото национално собрание на Туркије на одбележувањето на 21 Декември во земјава веќе прераснува во традиција.

Куртулмуш нагласи дека Република Туркије силно ја поддржува европската интеграција на Република Македонија и изрази надеж дека двете земји заеднички ќе го заокружат овој процес.

Во врска со економската соработка меѓу двете земји, Куртулмуш изрази задоволство од зголемувањето на трговската размена и присуството на турските компании во земјата, особено во инфраструктурните проекти.

Гаши и Куртулмуш нагласија дека високо ја вреднуваат успешната соработка во рамките на НАТО и заедничкото учество во мировни операции, како и воената соработка меѓу двете земји, а пред сè во областа на воената обука и едукација и донациите на опрема за потребите на нашата Армија. Изразија задоволство и за активностите на Агенцијата за соработка и координација на Република Туркије – ТИКА, Фондацијата „Маариф“ и Инстититутот Јунус Емре во Република Македонија.

Соговорниците се осврнаа на потребата за ревидирање и надградба на билатералниот „Договор за слободна трговија“ меѓу двете земји, во насока на поголема либерализација на трговските производи. Истовремено, нагласија дека постојат големи можности за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во полето на културата, образованието, туризмот и други области од заеднички интерес.

Претседателите на две собранија разменија мислења и за актуелните случувања во регионот и во светот и ја нагласија потребата за мир, безбедност и стабилност.

На крајот од средбата, Гаши и Куртулмуш изразија уверување дека долгогодишното партнерство меѓу двете држави и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката и натаму ќе се унапредуваат.

Суперхерои ја посетија детската клиника во Скопје

Супермен, Бетмен и други суперхерои и ликови од цртани филмови денеска традиционално се спуштија по јаже на Детската клиника и ги израдуваа дечињата кои таму се лекуваат.  

Покрај што се израдуваат, тие добија и новогодишни пакетчиња. Целта на овој несекојдневен настан на тимот за спасување на планина, дел од тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје е поддршка на децата јуначки да ги поминат деновите и предизвиците за време на престојот во детската клиника и разубавување на новогодишните празници.

притисни ентер