Анџелина Џоли размислува да се занимава со политика

Холивудската актерка Анџелина Џоли навести денеска дека размислува да се занимава со политика.

Во интервју за ББЦ изјави дека тоа би го отфрлила пред 20 години , но сега би отишла таму каде што е потребна. Џоли, која е специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации води активни кампањи за низа чувствителни прашања како мигранти и сексуално насилство.

На прашањето дали еден ден би се кандидирала за претседател на САД , таа одговори:,, Да ме прашавте пред 20 години , ќе се насмеев. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна , не знам дали сум способна за политика ...но тогаш се пошегував и дека не знам дали имам костур во плакарот.”

,, Во можност сум да работам со влади , а исто така и со војски , така што сум на многу интересна позиција и можам многу да направам”, изјави актерката. вели дека за сега ќе остане тивка.

На сугестијата дека би можела да се најде на листата меѓу 30 или 40 кандидати на Демократите за претседател на САД , таа не негираше , туку се заблагодари.

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

притисни ентер