Анчелоти самокритичен по тешката победа над Селта

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше самокритичен по победата над Селта од 2-1 синоќа во Виго.

Успехот не дојде лесно и менаџерот призна дека можеби проблемот е во него бидејќи не им објаснил доволно јасно што сака од своите играчи.

-Среќен сум. На колку од овие натпревари не страдавме? На секој од нив страдаме, во повеќето случаи победуваме, но понекогаш заминуваме тажни. Денеска проблемот беше што премногу лесно ја губевме топката и страдавме од Кконтрите на противникот. Мораме да го подобриме тоа, бидејќи централните дефанзивци беа премногу отворени и ја губевме топката на средината на теренот, затоа делуваше Чуамени меѓу нив. Можеби проблемот беше што не објаснив доволно добро што сакам од играчите. Во вториот дел работите се подобрија, изјави Анчелоти по мечот.

Инаку тоа беше јубилеен натпревар број 200 за италијанскиот стручњак на чело на „белиот балет“ во Примера, откако има 143 победи, 33 нерешени и 24 порази.

Благодарност од В. Британија за испраќањето на телото на поранешниот премиер на Шкотска

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Марк Лосон изрази благодарност до македонската влада за поддршката во процесот на враќање на телото на екс премиерот на шкотска Алекс Салмонд,

Кој почина во Охрид за време на школата за лидери на претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Задоволни сме што г-дин Салмонд се врати дома. Нашето најдлабоко сочувство останува со неговото семејство.”, напиша Лосон.

Телото на поранешниот шкотски премиер во петокот беше испратено во Велика Британија со приватен авион од аеродромот во Охрид, со највисоки почести и воена гарда во присуство на претставници на државата и дипломатскиот кор, а церемонијата беше пренесувана и на Би-Би-Си..

Салмонд почина ненадејно од срцев удар, откако имаше излагање на второто издание на форумот за културна дипломатија.

Лавови во зоолошка на Крим ја убиле жената што го чисти кафезот!!

Работничка во паркот Тајган Сафари на Крим била убиена од лавови откако влегла во нивниот кафез да го исчисти.

Во кафезот имало три лава, но работничката не ја заклучила внатрешната врата што би ја одвоила од нив, пренесе РИА Новости.

Властите покренаа кривична истрага за можно невнимание, но се уште не утврдиле дали е виновен работникот или управата на паркот.

Сопственикот на Тајган, Олег Зубков, ја идентификувал жртвата како главен чувар на паркот - Леокадија Перевалова.

Тој рече дека Перевалова била „душата на паркот“ која таму работела 17 години.

„За жал, кога пристигнав, не можев да направам ништо за да помогнам. Лавовите се врвни предатори и не простуваат грешки“, истакна Зубков и додаде дека никој од другите вработени не бил присутен во моментот на нападот.

Паркот Тајган се наоѓа во Белогорск, на околу 35 километри источно од Симферопол, главниот град на Крим.

Има околу 60 лавови на површина од повеќе од 30 хектари. Високите огради им овозможуваат на посетителите да гледаат како лавовите слободно талкаат.

Галант: Хезболах пропаѓа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Израел го „победува Хезболах“ и „го уништува во сите села долж границата“.

Целта, според Галант, е „целосно да се расчисти областа“ за да им се овозможи на заедниците во северен Израел да се вратат во своите домови и да ги „обноват своите животи“.

Тој додаде дека „Хезболах е во колапс“ додека израелските сили го напаѓаат во Бејрут, Набатие, Тир и други места.

Израелската армија речиси целосно уништи неколку села во јужен Либан, срамнувајќи ги со земја нивните домови и џамии, соопштија локални безбедносни извори.

Војската го разнесе градот Рамија во близина на Бинт Џбеил во пограничната област.

притисни ентер