Страшното злосторство се случило во петокот во Сакраменто, а полицијата одговорила на повикот на роднина по „поразителен редослед на настани“, објави „Дејлимејл“.
Истражителите на канцеларијата на шерифот го опишале местото на злосторството како едно од најлошите што некогаш ги виделе, откако биле повикани во домот околу 4:15 часот. Полицијата одговорила на повикот за семејна расправија меѓу Андреј Демски и Ангелина Вињикова, мајката на момчето. На почетокот не сакале да ја пуштат полицијата дома.
Полицијата на крајот насилно влегла во станот и го совладале таткото. Телото на обезглавеното момче Мајк Демски било пронајдено во спалната соба.
„За ова семејство, кое мора да продолжи понатаму и да ги собере парчињата од својот живот, нивниот свет е уништен“, рече Амар Гади, службеник за информации од јавен карактер.
Тој потврдил дека во моментот на злосторството, освен таткото, во станот имало уште две жени. Мајката на момчето и тештата на уапсениот. Успеале да побегнат од куќата пред физичката пресметка.
Уапсениот е задржан зад решетки без право на кауција. Против него е поднесено обвинение за убиство, повреда и напад со средства кои можат да предизвикаат тешка телесна повреда.
Надлежните служби пружаат психолошка помош на мајката на убиеното дете, додека пријателите и членовите на семејството оставаат утешни зборови на социјалните мрежи.
Отворена е и веб-страница „GoFundMe“ за собирање пари за погребот на детето. Тоа собрало двојно повеќе од 25.000 долари колку што биле вчера планирани.
„Ова слатко мало момче беше љубезна и радосна душа, ги сакаше сите луѓе, особено кучињата. Неговото љубезно срце и убава насмевка ги стоплија срцата на сите со кои беше во контакт. Го сакаше своето семејство, особено неговата мајка. Сакаше да биде со семејството, да оди во парк и да пее песнички со семејството“, вели еден од семејните пријатели.
Таткото монструм кој немал криминално досие утре ќе биде изведен пред судија.