Американски воен авион се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима

Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Во авионот имало осум лица и засега нема информации за нивната состојба.

Несреќата се случила околу 14:47 часот по локално време. Локалните жители пријавиле дека пламен се гледал на левиот мотор на авионот пред да падне во океанот.

Јакушима е еден од островите на архипелагот Охсуми во јапонската префектура Кагошима.

Филипче: Укинувањето на балансерот испадна уште една голема лага на Мицкоски и Димитриевски

Укинувањето на балансерот еуште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на ЗНАМ.

Укинувањето на балансерот еуште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на ЗНАМ, изјави денеска во Струмица претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска најавите за укинување на балансерот.

„Тоа е една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на ЗНАМ и на Максим Димитриевски. За жал клекнаа на колена и го погазија даденото ветување. Тоа беше навистина една голема лага за време на кампањата, т.н. „Горда Македонија“, во која што ќе ги кратеа правата, функциите и инструментите кои што ги имаат Албанците. Со таа силна кампања тие добија огромна поддршка и дојдоа на власт“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче, додавајќи дека сега кога луѓето ја сфаќаат вистината, кога ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ ги газат сите свои ветувања, луѓето се чувствуваат понижени и разочарани, затоа што сфаќаат дека биле излажани.

Првиот човек на НБА лигата: Се уште не сме подготвени за Европа

Адам Силвер, првиот човек на НБА потврди за доаѓањето на најсилното натпреварување во европската кошарка, но не во блиска иднина. 

Во Америка се „отворени“ за проширување, челниците на НБА лигата планираат влез во европската кошарка, но како тоа треба да го направат се уште не се знае, бидејќи нема конкретен план.

Челниците на ФИБА и НБА неодамна одржаа состанок во врска со развојот на кошарката на глобално ниво и Адам Силвер тврди дека оваа тема не била главна тема на тој разговор и дека малку се зборувало за тоа. Тој истакна дека лигата планира повторно да го разгледа ова прашање во текот на сезоната, иако не се очекува итна акција.

-Во моментов нема конкретен план за Европа, освен што се договоривме детално да ја разгледаме можноста. Она што го гледаме кога станува збор за нивото на интерес за кошарка е непропорционално со комерцијалната активност, рече Силвер.

Фокусот на НБА сè уште е на испитување на различни начини за промовирање на кошарката низ светот, но моментално проширувањето на нови пазари не е на агендата./МИА

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Како што информираат од Железничката станица во Велес, попладнево и утре сабајле сите возови од Скопје и од Велес за Скопје и останатите дестинации ќе сообраќаат според возниот ред.

По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14:30 часот со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје - Битола преку Велес и Прилеп повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.

Следен воз е возот кој од Скопје за Гевгелија поаѓа попладнево во 16,55 часот.

Според информациите прекинот на железникиот сообраќај бил поради неисплатени додатоци на плата на машиновозачите и кондуктерите за поминати километри и минат труд, кои по еднодневен штрајк им биле одобрени од раководниот тим на ЈП Македонски Железници транспорт.

Инаку, поради штрајкот на машиновозачите и вчера и утрово голем број патници од Велес и другите попатни станици најмногу од нив работници, ученици и студенти кои секојдневно патуваат за Скопје и имаат купени месечни билети од Железница мораа да си дадат дополнителни средства и до Скопје наместо со воз да патуваат со автобус. Голем дел од нив реагираат дека утрово дале дополнително средства и задоцниле на работа или на училиште.

Како што информираат од Железничката станица во Велес, попладнево и утре сабајле сите возови од Скопје и од Велес за Скопје и останатите дестинации ќе сообраќаат според возниот ред.

притисни ентер