Американски тинејџери во Рим убиле полицаец и мирно се вратиле во хотелот (ВИДЕО)

Двајца 19- годишни Американци се уапзсени во Рим откако со 8 убоди со нож убиле полицаец , по што мирно се вратиле во хотелот.

Портпаролот на Карабиниерите потврди дека вчеравечер се уапсени двајцата Американци кои извршиле тешко убиство и обид за изнуда. Двајцата се од Сан Франциско и биле на одмор во Рим. Нивното движење околу хотелот го забележале безбедносните камери.

Полицаецот Марио Керчиело Рега вчера во 2 часот по полноќ бил 8 пати избоден со нож во римската четврт Прати , во близина на хотелот , каде што отседнале Американците.

Во извештајот на полицијата сенаведува дека снимките од камерите биле доволни за да се препознаат и приведат тинејџерите. Тие биле уапсени во нивната хотелска соба.

,,Се подготвуваа за да ја напуштат земјата . При претгресот на собата , најдовме голем нож со кој го извршиле убиството , кој бил добро скриен во собата , како и облеката што ја носеле за време на злосторството. “ наведуува полицијата.

Тие украле ранец од Италијанец и за нeгово враќање барале 100 евра и 1 грам кокаин . Човекот повикал полиција , а кога дошол полицаецот Рега , Американците му се нафрлиле и го избоделе со нож.

Италијанската полиција му оддаде почит на својот убиен колега со запалени сирени на своите возила.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер