Американка купила земја, па откопала нешто неверојатно (ВИДЕО)

Тиктокерка од Охајо објави серија снимки по необично откритие на имот што неодамна го купила.

Во една прилика Вики се шетала низ запуштениот простор, обраснат со грмушки и наишла на необична „дупка“. Мислела дека таму се крие некое животно, но вистината била многу побизарна.

„Решив да истражам за што се работи и се шокирав кога видов метални делови“, рече таа.

Вики го повикала партнерот за помош, па заедно почнале да копаат, пренесува Newsweek.

„По некое време видовме дел од багажникот и задното светло. Некој го закопал целиот автомобил“, открила таа.

@radagast09 I found a car buried on my land so there's that #car #weird #fyp ♬ original sound - Nemo's human

Навистина, на снимката може да се видат делови од џип. Парот не можел сам да ја заврши работата, па бил изнајмен мал булдожер.

„Ќе го дадам автомобилот на секој што сака да го поправи“, рече Вики.

@radagast09 😭😭😭 #buriedcar #cartok #rugtok #skidsteer ♬ original sound - Nemo's human

Гледачите биле шокирани од откритието и се обиделе да разберат зошто некој би потрошил време и енергија за да закопа автомобил.

„О, не, воопшто не изгледа сомнително“, напишала една личност.

„Веќе гледам куп полиција и форензичар на оваа локација“, додаде друг.

„Според мене, тоа е кривично дело“, заклучил трет.

Корисниците на TikTok возбудено чекаат нови вести и можно објаснување за мистеријата.

Огномет му експлодирал во рацете: Славел победа, па завршил во болница (Вознемирувачко видео)

Инцидентот е снимен на 31 октомври во центарот на Лос Анџелес, каде навивачите ја прославувале новата титула на Доџерс, познатиот бејзбол клуб.

По триумфот над Њујорк Јенкис, навивачите ги окупираа улиците, а некои решија забавата да ја зачинат со огномет.

Камерите го забележале моментот кога 25-годишен маж запалил огномет на пешачки премин, по што дошло до експлозија, пренесува LadBible.

Несреќниот човек немал време да реагира, а рацете му „исчезнале“ во светло портокалов пламен. После тоа почна да плаче, а на видеата се гледаат сериозни повреди.

Снимките се заматени, насекаде има крв, а се чини дека изгубил дел од левата рака.

Случајни минувачи истрчале да му помогнат, а се слуша како извикува: „Раката му одлета, боже мој“:

Екипата на итната помош брзо пристигнала на местото на инцидентот и го пренела младиот човек во болница, но не се знае неговата состојба.

Лидерите на моќните држави нема да учествуваат на големиот самит за климата

Лидерите на најголемите светски економии, вклучувајќи ги САД, Кина и Бразил, планираат да ја пропуштат овогодинешната климатска конференција на ОН COP29, која ќе се одржи во Баку, Азербејџан, од 11 до 22 ноември.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема да присуствува на самитот COP 29 поради политичките настани во Брисел, изјави нејзиниот портпарол. „Комисијата е во фаза на транзиција и затоа претседателката ќе се фокусира на нејзините институционални должности“, рече портпаролот.

ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и комесарот за клима, Вопке Хоекстра. Американскиот претседател Џо Бајден исто така нема да учествува на самитот, изјави извор од неговата администрација.

COP29 започнува на 11 ноември, неколку дена по претседателските избори во САД на 5 ноември.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва веќе го откажа патувањето во Азербејџан бидејќи минатиот месец ја повреди главата. Ќе отсуствуваат и Кина, Јапонија, Австралија и Мексико. COP29 се совпаѓа со самитот на Г20 во Бразил на 18 и 19 ноември, каде ќе се разговара и за финансирањето на климатската транзиција.

„Ангел на Викторија“ се маскира во принцезата Дијана и се најде на удар на јавноста: Бесрамнице

Елса Хоск, шведска манекенка и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, предизвика огромна врева на социјалните мрежи кога реши оваа година за Ноќта на вештерките да се облече како принцезата Дијана.

Поточно, таа избра едно од најпознатите и најконтроверзните парчиња на Дијана - црн коктел фустан што принцезата го носеше на еден настан во Лондон во 1994 година, набргу откако тогашниот принц Чарлс јавно ја призна аферата со Камила Паркер Боулс.

Овој фустан стана симбол на кралски бунт, бидејќи прекрши многу норми и протоколи, кои бараа членовите на кралското семејство да се облекуваат според многу строги правила.

Ова не е прв пат некој да се маскира во принцезата Дијана и да го облече овој „одмазднички фустан“.

Иако фустанот стана еден од најславните модни моменти во животот на Дијана, неговото носење не беше без контроверзии. Имено, за многумина нејзиниот избор беше порака дека не е имуна на болката што ја предизвикуваат јавните скандали во нејзиниот брак, како и нејзиниот одлучувачки чекор кон независноста.

Фустанот имал и емотивна тежина бидејќи во тој момент Дијана решила да се дистанцира од лошата ситуација во семејството и да се позиционира како силна жена која не се плаши да ја покаже својата сила, па станала симбол на лична и емоционална слобода.

Кога Елса Хоск, која се прослави со својата кариера во модната индустрија, реши да се облече како Дијана за Ноќта на вештерките 2024 година, таа внимателно го копираше секој детал од изгледот на принцезата - црниот фустан, бисерниот ѓердан и нараквицата, па дури и фризурата која потсетуваше на познатите фотографии на принцезата. Сепак, реакциите на нејзиниот костим не беа онакви какви што можеше да очекува. На социјалните мрежи многумина ја критикуваа за „непримерниот“ избор и тврдеа дека избрала костим кој не е соодветен за Ноќта на вештерките и дека потсетува на трагичен и тежок дел од животот на принцезата Дијана.

На „Инстаграм“ брзо се појавија бројни коментари кои укажуваат дека оваа интерпретација на костимот ја преминала границата на добриот вкус. Еден корисник напишал: "Бесрамно! Како некој да би бил среќен да види некој од своето семејство, трагично починат, облечен во костим за потрошувачки празник и забава". Друг додаде: „Костимите треба да бидат забавни, а не потсетници за нечиј трагичен живот!“

Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму, велејќи дека костимот е „исмејување на принцезата Дијана“, а еден корисник дури напиша: „Елса, официјално повеќе не сум твој обожавател!“ Реакциите беа различни, а многумина се почувствуваа навредени и повредени поради фактот што Дијана, една од најомилените личности на британската монархија, беше претворена во забавен костим.

Сепак, Елса не остана без поддршка. Многумина од модниот свет застанаа покрај неа, тврдејќи дека нејзиниот избор е чин на почит кон Дијана. Нејзините колеги и пријатели од модната индустрија тврдеа дека толкувањето на Дијана е начин да и се оддаде почит на принцезата, која навистина ги промени правилата и постави нови правила за кралските жени. Според ова гледиште, фустанот што Хоск го избрал не бил знак на непочитување, туку начин да не потсети на храброста и силата што Дијана ги претставувала во нејзиниот живот. Во коментарите ја поддржаа Бела Хадид, Софија Ричи, Ванеса Хаџенс, Зара Ларсон...

притисни ентер