Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс, Циципас аут

Вечерва на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс се одиграа 4 осминафинални дуели. Минатогодишниот шампион Карлос Алкараз, Александар Зверев, Јиржи Лехечка и Јаник Синер продолжуваат напред.

Светскиот рекет број 11, Стефанос Циципас е елиминиран откако загуби со 2:6, 4:6 од Јиржи Лехечка, кој исто така изненади во претходното коло, елиминирајќи го Андреј Рубљев. За Чехот ова ќе биде прво четвртфинале на „Мастерс“.

Карлос Алкараз, исто така, продолжува во четвртфиналето. Шпанецот немаше посебни проблеми со Фабијан Марочан и успеа да му се реваншира на светскиот рекет број 58 за поразот од Рим минатата година. Алкараз победи со 6:3, 6:3 и го постигна деветиот последователен успех во Индијан Велс.

Александар Зверев направи пресврт против Алекс де Минор и исто така обезбеди пласман во четвртфиналето. Германецот победи со 5:7, 6:2, 6:3, а следен противник му е Алкараз. Зверев спаси 8 од вкупно 11 брејк топки, а исто така 5 пати победи на сервис на Де Минор.

Шампионот на Австралија опен, Јаник Синер оствари триумф над Бен Шелтон со 7:6(4), 6:1 и ја забележа својата 15-та последователна победа од почетокот на годината. Неизвесност имаше само во првиот сет, по што Италијанецот не остави сомнеж за својата надмоќ.

И кај дамите имаше интересни пресметки, а „носталгичната“ беше помеѓу Каролин Вознијацки и Анџелик Кербер. Тенисерката од Данска одигра постабилно и победи со 6:2, 6:4 на првиот меѓусебен меч од 2018 година.

Светската тенисерка број 1, Ига Швионтек и даде само три гема на Јулија Путинцева - 6:1, 6:2. Тоа беше 28-ма победа во последните 30 натпревари за полската тенисерка, а следна пречка е Вознијацки, со која се има сретнато само еднаш на тениските терени. /МИА

Тинејџер приведен за обид за убиство откако повредил тројца во училиште во Велика Британија

Едно 17-годишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, откако три лица беа повредени во средно училиште во Јужен Јоркшир, пренесе ДПА.

Едно дете било нападнато, а двајца возрасни се здобиле со полесни повреди во инцидент што се случил утрово во Академијата Бирли во Шефилд.

Полицајците од Јужен Јоркшир дошле местото на настанот откако одговориле на пријава за „инцидент со остар предмет во училиштето“ на Бирли Лејн.

Училиштето соопшти дека било затворено по инцидентот и дека „сите ученици и персонал се безбедни“ и никој не бил пренесен во болница.

Седумнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство и останува во полициски притвор.

Портпаролот на полицијата рече дека полицијата ќе остане на местото на настанот во текот денот за да ја гарантира безбедноста на оние во училиштето и локалната заедница. /МИА

Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна.

Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.

- Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

- Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде. /МИА

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

Мирисот на скара, гласна музика, придружени со метеж од возила, домашни и странски, беше сликата од одбележувањето на 1-ви Мај на скопска Матка. 

Со децении наназад Кањонот во околината на главниот град е омилено место за излет на многумината кои слободниот ден го користат во природа ..

Од она што успеавме да го чуеме во разговор со нашите со

Граѓани велат дека скарата од поодамна е луксуз, но се трудат да останат верни на традицијата, секој според џебот. Во однос на Денот на трудот децидни се дека во минатото работникот се ценел многу повеќе отколку денес.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, посветен е на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Ако се исклучат синдикалците, во Македонија главно се користи како ден за екскурзии во природа.

Првата половина од првиомајскиот ден се задржа стабилното и претжно сончево време. За попладневните часови, од УХРМ најавија појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. А од метео прогнозата и за наредните денови се очекува нестабилно и постудено време со дожд и намалување на температурите, кои ќе ги има и за велигденските празници.

притисни ентер