Александар Пандов и Љупчо Зиков во „Само Вистина“

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина, ќе дебатираат Александар Пандов и Љупчо Зиков.

Кој со кого се сретнал, имало ли средби помеѓу Ахмети, Заев и Груевски, во игра ли е амнестија на екс-премиерот во замена за поддршка за уставните измени?

Кој ја говори вистината?

Странците ни порачуваат дека Македонија нема алтернатива за ЕУ, но дали и Мицкоски се согласува?

Треба ли построги правила да важат за политичарите отколку за обичниот граѓанин?

Вечерва во Само Вистина, Михаела Димовска со Александар Пандов и Љупчо Зиков, по вестите во 18 часот.

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

притисни ентер