Актерката откри: Се кладеа кој ќе ме однесе во кревет

Во интервју за магазинот „Vulture” актерката Кетлин Тарнер зборуваше за доминацијата на мажите во Холивуд и нивното присвојување на актерките како свои објекти.

Тарнер фрлила сенка и на екипата од серијата „Пријатели“, ја критикувала глумата на покојната Елизабет Тејлор и ракувањето со Доналд Трамп.

Тарнер (64) се врати на почетокот на кариерата коментирајќи го однесувањето на мажите спрема актерките во Холивуд. Таа истакнала дека нејзината прва голема улога била во филмот „Body heat”, за потоа да стане „секс мета“, пренесува „Сан“.

Актерката изјавила дека Мајкл Даглас подоцна и открил оти Џек Николсон, Ворен Бити и тој се кладеле кој прв ќе ја одведе во кревет.

„Никој од нив не успеа“ – додала актерката, осврнувајќи се на проблемот кој отсекогаш постои во Холивуд, односно жените да се сметаат за сопственост.

Како што раскажа, еднаш била на забава со Николсон. Таму имало празен стол и таа седнал покрај него. Како што изјави, зборувале некое време пред да се врати во својата хотелска соба. Кога стигнала во собата, Николсон и се јавил и ја прашал зошто си заминала кога била негова придружба.

Foto: Gettyimages

Тарнер додала дека никогаш не сакала да живее во Лос Анѓелес токму поради тоа што во тој град се чувствувала несигурно. Актерката исто така критикуваше и поедини колеги.

За Николас Кејџ изјави дека е многу тежок за работа, а дека Берт Рејнолдс во 1988 година ја расплакал на снимање.

„Неговото однесување беше шокантно. Никогаш дотогаш не ми паднало на памет дека не сум еднаква со некој. Ја напуштил просторијата плачејќи“ – се присетува Тарнер.

Таа откри дека слични ситуации се повторувале во текот на нејзината актерска кариера. Имено, еднаш дури и му удрила шлаканица на еден свој колега, кој ја гризнал во театар, но таа не сакала да го открие неговото име. Покрај машките колеги, актерката ги коментирала и останатите светски ѕвезди.

Ја критикуваше актерската способност на Елизабет Тејлор, која почина во 2011 година на 79 години, изјавувајќи дека нејзиниот глас во улогата на Клеопатра бил ужасен и лошо искористен.

„Мислам дека таа не беше многу талентирана“ – додала Тарнер.

Бидејќи Кетлин Тарнер се појавила и во серијата „Пријатели“ во улога на таткото на Чендлер, зборувала и за екипата на популарната серија. Изјавила дека не се чувствувала пријатно на снимањето со нив и оти не ја дочекале како што треба.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер