Ако ги видите следниве три букви на конзерва со туна, не купувајте ја

Еве што може да му направи на вашето тело и за кого е погубна...

Најдобар совет е пред купувањето внимателно да ја прочитате етикетата на производот.

Конзервираната риба е совршен избор за повремени промени на менито, но тука треба да бидете внимателни, а експертите препорачуваат задолжително да проверите што пишува на етикетата. И ако ги видите трите букви БПА (BPA), да не ја купувате таа риба.

Туната е многу здрава и е омилен избор на многумина. Сепак, треба да се има предвид дека сите видови риби, вклучително и туната, содржат мала количина на жива, за илустрација, само една конзерва туна содржи 18,11 микрограми жива, додека истото количество туна Албакор содржи 49,53. микрограми жива.

Добрата вест е дека шансите за труење речиси и не постојат, бидејќи би требало да јадете огромни количини туна за да си го загрозите здравјето.

Живата е еден од најчестите токсини во производите од риба и е исклучително штетна за сите, особено за жените кои планираат бременост, трудниците и децата. Максималното дозволено количество на жива е 1,6 микрограми на килограм телесна тежина, и тоа неделно!

Исто така, кога се работи за конзервирана туна, многу е важно да се внимава што пишува на етикетата.

Џенифер Фиске, жена диететичар од Далас, објасни каква конзервирана риба никогаш не треба да купувате. Таа советуваше да барате пакувања на кои јасно стои дека не содржат бисфенол А (BPA).

- Супстанцијата бисфенол А (БПА) се врзува за мастите, затоа барајте туна или сардини на кои пишува дека не ја содржат оваа хемикалија. Ако имате можност, купувајте риба во тегла, а не во конзерва - објаснила Фиске.

Инаку, запомнете дека од сите видови конзервирана храна туната има најголем процент на „BPA“!

Бисфенол А е супстанца за која многу се зборува во последните дваесет години. Внесена во прекумерни количини, може да го наруши балансот на хормоните, поради што во некои производи, како што се шишињата за бебиња, е строго забранета, пренесува thehealthy.com

Предупредувачки мејл до грчката полиција за поставени бомби на неколку локации во Атина

Мејлот, според грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик, испратен во 7.20 часот утрово и полицајци вршат проверки на терен.

Централата на грчката полиција, рано утрово добила мејл со предупредување дека се поставени експлозивни механизми на неколку локации во Атина, меѓу кои болница, суд, како и метростаницата Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.

Мејлот, според грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик, испратен во 7.20 часот утрово и полицајци вршат проверки на терен.

Превентивно бил евакуиран судот, а метрото функционира без прекин, меѓутоа не застанува на станицата Синтагма.

Северна Кореја уставно ја дефинира Јужна Кореја за непријателска држава

Северна Кореја уставно ја дефинира Јужна Кореја за непријателска држава и ја прекина комуникацијата со неа.

Уставот на Северна Кореја сега ја дефинира Јужна Кореја како „непријателска држава“, според државните медиуми, што е прво спомнување на неодамна усвоените уставни измени, јавува денеска Би-би-си.

Државниот весник „Родонг Синмун“ ги нарече уставните промени „неизбежна и легитимна мерка“, во време кога тензиите меѓу двете Кореи се на највисоката точка во последните години.

Некои аналитичари посочуваат дека усвојувањето на уставните амандмани е само симболичен потег, имајќи предвид дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се откажа од можноста за обединување во декември 2023 година.

Државните медиуми тогаш објавија дека Ким тогаш рекол дека тоа се односи „помеѓу две непријателски земји и две завојувани страни“.

Во јануари годинава Ким го прогласи за невозможно обединувањето со Јужна Кореја и навести уставни промени за да се назначи Југот како „главен непријател“.

Многу набљудувачи очекуваа Пјонгјанг да ги претстави уставните амандмани на седницата на Врховното народно собрание минатата недела, но досега тоа не е сторено.

Севернокорејската агенција КЦНА објави дека патните и железничките врски со Јужна Кореја на севернокорејската страна на границата, што беа поставени како премини, сега се целосно блокирани како дел од „фазното целосно раздвојување од југот“.

Јужна Кореја соопшти дека нејзината политика е да продолжи да го следи националното обединување, но дека ќе одговори со сила доколку Северна Кореја покаже каква било форма на агресија.

Минатата недела севернокорејската војска објави план за „целосно одвојување“ на севернокорејската територија од Јужна Кореја, велејќи дека ја известила американската војска за потегот за да „спречи какво било погрешно толкување и случајни судири“.

Двете Кореи се поврзани со патишта и железници долж линијата Ѓеонгги, која го поврзува јужнокорејскиот пограничен град Пају со севернокорејскиот Каесонг и линијата Донгај долж источниот брег.

Северна Кореја ги отстрани уличните светилки и постави мини долж својата страна од линиите Ѓеонгги и Донги и распореди војници да изградат противтенковски бариери и да ја зајакнат оградата од бодликава жица на својата страна од Демилитаризираната зона што ги дели двете земји.

Тензиите дополнително се зголемија откако Северна Кореја соопшти дека јужнокорејската војска три пати овој месец испратила дронови над Пјонгјанг.

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм, не е познато дали таа или друга жена се пожалила на силување.

Станаа познати деталите за тоа што му се случи на Килијан Мбапе во Стокхолм. Претходно се дозна дека е покрената полициска истрага за жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм, каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта за време на патувањето во Шведска. Мбапе ја нарече оваа информација „лажна“.

Шведските обвинители објавија соопштение за печатот во кое најавија отворање на прелиминарна истрага по пријава за силување, без да го споменат името на францускиот интернационалец. Сепак, набрзо се појавија информации дека силуваната жена го навела Мбапе како виновник за инцидентот.

Според „Le Parisien“, Мбапе пристигнал во Стокхолм на иницијатива на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Норди Мукиеле, поранешен соиграч на Килијан во ПСЖ. Таму, напаѓачот на Реал Мадрид се сретна со извесен Марко, организатор на настанот. Така беше организирана забава, на која меѓу другите беа поканети и млади девојки.

Мбапе се сретна со една од нив, го напушти ноќниот клуб со неа и се упати кон хотелот „Банк“. Следниот ден размениле пораки, од кои станува јасно дека парот имал консензуален секс.

Во исто време, ништо не потврдува дека девојката со која Мбапе ја поминал ноќта и жалителот во случајот за силување се исто лице. „Le Parisien“ признава дека Французинот можел да има средба со друга жена во текот на ноќта.

притисни ентер