АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој  е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. 

ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), прекршувајки ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15.10.2024 год, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

- На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин, односно постапила спротивно на член 4 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца бр 161/2016, односно секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до АХВ, се наведува во соопштението.

За да ги демантираме во целост информациите од различните портали, коментари, ЗОО Скопје и правично да ја информираме јавноста, се додава во соопштението, јасно кажуваме дека ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија, ја спроведува Државнa ветеринарна служба во соработка со други органи и институции, преку Агенцијата, директорот и референтна лабораторија која работи за потребите на Агенцијата врз основа на договор.

На ден 19.10.2024 год, надлежниот официјален ветеринар од АХВ заедно со Раководителот на СЗЗБЖ овластен од страна на ВД Директорот д-р Оливер Миланов извршил вонреден инспекциски надзор во ЗОО Скопје.

- Притоа, во одгледувалиштето на ЗОО Скопје официјалниот ветеринар донесе забрана за влез на посетители, забрана на пристап до езерцето во кое била пронајдена угинатата птица со исклучок на тројца вработени кои со полна заштитна опрема вршеа убивање и манипулација со птиците. Земање, пакување и испраќање на примероци за лабораториски тестирања согласно дијагностичкиот протокол од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца. Чистење и дезинфекција на просторот околу езерцето во која зона се движат овој вид на птици. Забрана за движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето. Се задолжи надлежната ветеринарна служба задолжително да врши пријавување на промени на здравствената состојба на живината и дивите птици до надлежниот официјален ветеринар и примена на биосигурностните мерки при спроведување на сите активности, соопштија од АХВ.

Дополнително, се посочува во соопштението, официјалниот ветеринар при вршењето на своите задачи може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи.

- За жал побарана е асистенција поради присуство на лице кое се претставило дека е вработен во градската администрација и истото ја попречуваше работата на инспекциските служби и за кое дело МВР има записник. Но, мора да се заблогадариме на вработените лица во ЗОО Скопје кои несебично ни дадоа полна поддршка и земаа активно учество во спроведување на наредените мерки, соопштија од АХВ.

Се додава дека АХВ работи во служба на граѓаните, и ќе се залагаме да се постават стандарите на нашето општество на највисоко ниво, ЗОО Скопје ни е едно од најпосетените места од најмладите посетители, а децата и нивното здравје е фокус за градење на здраво општество.

- Како Директор на АХВ донесов Решение за прогласување на болеста високо патогена авијарна инфлуенца кај птиците и наредување на заштитни и контролни мерки. Сомнежите во јавноста и споделените видеа за начинот на собирање и отстранување на затекнатата живина во одгледувалиштето се во целост со почитување на протоколите за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца и Законот за благосостојба на животните и меѓународните протоколи, и коментарите по истите не е во ред да бидат коментирани од лица некомпетентни за истото.

Сомнежите за ЗОО Скопје дали е извор на бактерии или вируси, дали е постапувано и до сега согласно Законските прописи, угинување на многу животни за краток временски период и низа нерегуларности ќе бидат предмет на дополнителни истражувања од надлежните органи. Како Директор на АХВ ве уверувам и апелирам да верувате во стручните служби бидејќи носиме и имплементираме законски и подзаконски акти кои го штитат здравјето на животните, благосостојбата на животните и заштита на здравјето на луѓето. Во наредниот период ќе бидете известени за сите наши мерки и активности, се појаснува во соопштението од АХВ.

Единствената и примарна цел на АХВ, се вели во соопштението, е да обезбеди постојана грижа за заштита на здравјето на животни и нивната благосостојба и постојана грижа за заштита на здравје на луѓето од болести кои се пренесуваат од животни и болести кои се пренесуваат преку храна.

Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица во текот на утрешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птији грип. За 16-тиот од листата, кој се уште не е исконтактиран, ќе се направат напори да биде исконтактиран во текот на денешниов ден, информира директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

-Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави денеска Андоновска пред Институтот за јавно здравје.

Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип.

-Тоа лице ќе биде тестирано во текот на утрешниот ден, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање, појасни Андоновска.

Нагласи дека нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип.

-За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска.

Смета дека надлежните институции во текот на вчерашниот ден имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи. Вели дека Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана лабораторија за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови.

Фото: Легендарен топ модел во секси издание!!

Откако се прошета по модната писта на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, топ моделот бразилската манекенка Алесандра Амбросио избрала аутфит за забавата по ревијата  за кој се зборува со денови по настанот.

На „афтерпарти“ забавата во Њујорк, Амбросио воодушеви со супер секси издание , со кое не се двоумеше да го покаже своето тело во „секси гол“ фустан на Долче и Габана.

Црниот фустан имаше длабоко деколте, додека проѕирниот корсет беше нагласен со кројот. Под проѕирниот фустан Амбросио носеше црн градник од тантела и гаќички.

Манекенката продолжи да додава повеќе гламур во целосно црниот ансамбл со крзнена јакна, која ја префрли преку рамениците.

43-годишната убавица го заокружи изгледот со црни штикли со прерамки.

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран.

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, а за ова намена министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини.

Од минстерството информираа дека досега на сајтот вакцинација.мк се пријавиле 33.000 граѓани, а право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица..

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени на сајтот добиваат СМС порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација. Во Скопје заинтересираните ќе можат да се вакцинираат во 5 установи: Центарот за јавно здравје, Поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а здравствените работници и во Институтот за јавно здравје..

притисни ентер