63- годишна жена на спектакуларен начин падна на возачки испит (ВИДЕО)

Во подоцнежните години е потешко да се научи, а тоа е особено очигледно во вештините каде што се потребни добри рефлекси.

63-годишна ученичка во автошкола од Аргентина го открила ова на потешкиот начин, можеби една од најлошите работи што може да ѝ се случат во контролирани услови на полигонот. Таа влегла во фолксваген и тргнала на полигонот. Возела со вклучени трепкачи, а притоа не ѝ било грижа за заштитната ограда на патот.

Таа веќе по првиот свиок удри во тротоарот, а потоа не застана на знакот Стоп. Потоа повторно удира во тротоарот, но се враќа на патот. Само за кратко, бидејќи тогаш наеднаш забрзува, го пресекува „сообраќајниот пат“ и се катапултира во челичен столб. Судејќи по забрзувањето, впечатокот е дека жената во паника притиснала гас наместо кочница. Автомобилот завршува превртен на страна, а кандидатката, најверојатно исплашена до смрт, спектакуларно ја завршува својата возачка кариера.

Би-Би-Си дознава дека жената се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница.

Русите планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината: Почнавме со подготовките

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави вчера Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, а пренесува агенцијата РИА.

Борисов, поранешен заменик министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на централата со нуклеарна енергија. „Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината меѓу 2033 и 2035 година, што еден ден би овозможило изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, рече тогаш Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори. Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е многу голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

Деветмина загинати во Кина при судир на камион со патничко комбе

Девет лица загинаа, а две се повредени утринава во судир на камион и патничко комбе на автопат во северозападна Кина.

Повредените се во стабилна состојба, јавија кинеските медиуми.

Возачот на комбето е меѓу загинатите, додека возачот на камионот добил итна медицинска помош, изјави кинески претставник.

Снимките од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел на комбето е целосно уништен.

Властите соопштија дека се истражуваат причините за несреќата, пренесе ABC News.

Гитарист на легендарна група падна од сцената среде концерт- сепак се снајде (ВИДЕО)

Мајк Мекреди од групата Pearl Jam неодамна падна од сцената додека настапуваше со бендот, но по падот реагираше како професионалец и продолжи да свири на гитарата.

Тоа се случило на 4 мај, кога познатиот бенд, предводен од познатиот Еди Ведер, имаше концерт во Ванкувер.

За време на изведбата на „Porch“, 17-та песна на вечерта, Мекреди се лизна додека имаше свое соло. Тој паднал и додека бил на земја реагирал како професионалец и продолжил да свири на гитара, пишува NME.

притисни ентер