12 потврдени случаи на голема кашлица кај деца на училишна возраст во Скопје

Скопје пред епидемија на голема кашлица или пертусис. Пертусисот влезе и во училишните клупи. 12 случаи потврдени случаи кај децата во училишна возраст. 

Денеска нови два случаи, потврдени со пертусис во училиште во општина Аеродром каде има најмногу потврдени слуачи со пертусис вкупно десет деца. По еден случај на пертусис кај училишни деца има во Сарај и Студеничани, велат од Центарот за јавно здравје. Од центарот велат дека случаите се потврдени по напавени испитувања за бактеријата која ја предизвикуа болеста пертусис. За сите случаи заедничко е што децата не биле вакцинирани.

Директорот вели колку и да се преземат мерки за чистење во училиштата и да се внимава кој е болен да остане дома. Но болеста се спречува само со вакцинација. Тој вели дека и вакцинирани може да се заразат но состојбата е полесна. Професорката Ставриќ за канал 5 објасни дека големата кашлица е најкритична за малите деца до две годишна возраст, но и кај повозрасни деца кои немаат приемно вакцина може да имаат тешка состојба и последици по здравјето. Ствариќ вели дека не само вакцините за продолжен имунитет се важни и ревакцините до седум годишна возраст.

Во клиниката за детски болести има едно месечно бебе со пертусис засега во подобора состојба од пред една недела. Во клиниката за детски болести Козле има хоспитализирано две доенчиња, и уште едно дете прегледано во амбулантно и пуштено на домашно лекување. Утре комисијата за заразни болести треба да заседава и да одлучи дали ќе има нови мерки.

Силјановска-Давкова на средби со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Силјановска Давкова попладнево на први средби со претставници на дипломатскиот кор.. 

Во екот на бројните реакции околу заклетвата на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и дилемите дали со неупотребувањето на придавката „Северна“ го прекршила Преспанскиот договор и Уставот, Сиљановска Давкова денеска на први средби со дипломати. Во Вила Водно ги прими евроамбасадорот Дејвид Гир и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Изјави за медиумите немаше, а според соопштенијата од претседателскиот Кабинет, покрај унапредувањето на пријателските односи и соработката, станало збор и за европските интеграции на Македонија. Какви пораки точно пренел евроамбасадорот Гир не се знае. Претседателката Сиљановска Давкова ја посочила потребата за напредок во процесот кон членство во ЕУ и изразила подготвеност за градење политички и општествен консензус за прашањата од национален интерес, како и избегнување на злоупотреба на европското знаменце при усвојувањето на закони.

„Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји – членки на ЕУ. Во тој контекст, таа посочи на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.“

Слични пораки, според соопштението од претседателскиот Кабинет, биле разменети и на средбата на Сиљановска-Давкова со оталијанскиот амбасадор Силвестри. Македонската претседателка изразила надеж дека Италија и во иднина принципиелно ќе ја поддржува земјава за забрзана интеграција на земјава во ЕУ.

Инаку, за неупотребувањето на придавката „Северна“, покрај Атина и Софија, деновиве реагираа и европските челници од Брисел, вклучително и Претседателите на ЕК и на Советот на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел со повик за целосно почитување на меѓународните договори, вклучително и договорот од Преспа.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

притисни ентер