Една од најпознатите и најпопуларни состојки за нега на кожата е ретинолот. Се работи за еден од облиците на витамин А, кој првенствено се користи за нега на зрела кожа.
Ретинолот, исто така е една од состојките што предизвикува страв кај потенцијалните корисници. Меѓутоа, доколку сте добро информирани и ги следите правилата, ретинолот може да стане состојка која ѝ дава бројни придобивки на вашата кожа.
Како функционира ретинолот?
Ретинолот е вид на ретиноид кој се произведува од витаминот А. За разлика од другите производи за нега на зрела кожа, тој не ги отстранува мртвите клетки од кожата. Наместо тоа, малите молекули кои го сочинуваат ретинолот продираат длабоко под надворешниот слој на кожата, а штом ќе влезат во средниот слој на кожата, ретинолот помага да се неутрализираат слободните радикали. На овој начин помага во стимулирањето на производството на еластин и колаген. Исто така, тој ја намалува појавата на фини линии и брчки и проширени пори.
Ретинолот, исто така, може да се користи за лекување на акни и придружни лузни, и има ефект на пилинг на површината на кожата, што може да помогне во подобрување на текстурата и тонусот.
Во секој случај, секојдневната употреба на ретинол може да донесе многу придобивки за вашата кожа на лицето, која со текот на времето ќе стане поеластична и помека, со сè помалку видливи знаци на стареење.
Несакани ефекти од употребата на ретинол
Пред упатствата за употреба на ретинол, ќе се осврнеме на несаканите ефекти што може да ги предизвика.
За почеток, луѓето кои воведуваат ретинол во нивната рутина може да доживеат сува и иритирана кожа. Некои од можните несакани ефекти се црвенило, чешање и лупење на кожата.
За да се намалат несаканите ефекти, важно е да се следат правилата за употреба на ретинол.
Како да се користи ретинол?
На самиот почеток би било добро да користите производи со што помалку ретинол и да не го правите тоа секоја вечер. Во првите неколку недели, користете ретинол околу два пати неделно.
Нанесувањето на ретинол 30 минути по миење на лицето може да помогне во намалување на иритацијата на кожата, а ризикот од несакани ефекти се зголемува ако истовремено користите повеќе производи кои содржат ретинол. Затоа, внимателно прочитајте ги етикетите на производите вклучени во вашата дневна рутина.
Друга состојка која не се препорачува да се користи истовремено со ретинолот е витаминот Ц. Експертите предлагаат да ги користите наизменично, па дури кога кожата ќе се навикне на еден производ, почнете да го воведувате другиот производ во вашата рутина.
За да избегнете несакано оштетување на кожата, важно е да нанесувате креми со висок заштитен фактор на лицето во текот на денот.
Не користете ретинол за време на бременост или кога се изложувате на сонце.
Производи со ретинол
Во продолжение, издвоивме десет производи со различен процент на ретинол кои можеби ќе станат дел од вашата рутина.
„Serum La Roche-Posay Retinol B3“
Серумот Ретинол Б3 и помага на кожата веднаш да изгледа помазна и посјајна. Кожата постепено ја враќа својата цврстина и се коригираат знаците на фотостареење: длабоки брчки, фини линии и нерамномерен тен на кожата. Се нанесува навечер на лицето и вратот со секојдневна употреба на производите за заштита од сонце.
„Dermalogica Dynamic Skin Retinol Serum“
Ова е ноќен серум кој има висок процент на ретинол. Содржи 3,5% од ретиноиден комплекс кој ефикасно делува на брчките и фините линии, ја изедначува текстурата и бојата на кожата и ја намалува видливоста на порите.
„Balea Beauty Collagen Retinol Serum“
Серумот Balea Beauty Collagen Retinol ги измазнува брчките и ја прави кожата мазна. Нежниот серум со ретинол го стимулира природното производство на колаген и ја зајакнува структурата на кожата одвнатре. Интензивно ја хидрира и подмладува кожата правејќи ја свиленкаста. Неколку капки од серумот се нанесуваат на исчистената кожа на лицето, вратот и деколтето.
„Kiehl's Retinol Skin – Renewing Daily Micro-dose Serum“
Ова е моќен серум против брчки со ретинол кој видливо ги намалува брчките и зацврстува и ја подобрува текстурата на кожата. Тој е прецизно формулиран за да обезбеди дневна доза на чист ретинол притоа предизвикувa минимални непријатни несакани ефекти.
„Environ Focus Care Youth+ Concentrated Retinol Serum“
Овој серум го подобрува тeнот и текстурата на кожата и го спречува предвременото стареење. Ако се користи правилно, ѝ дава на кожата цврст и мазен изглед и го подобрува нејзиното целокупно здравје и сјај.
„Paula's Choice 1% Retinol Treatment“
Овој производ ги измазнува длабоките брчки и фините линии, ја зацврстува кожата и ги намалува флеките и нерамномерниот тен. Покрај тоа, ги прочистува порите и текстурата на кожата и помага да се намалат мозолчињата и да се ублажат лузните од старите мозолчиња.
Ноќен концентрат за лице „Biotherm Blue Retinol“
Овој третман против стареење го комбинира регенерирачкото дејство на Life Plankton со чистиот и високо дозиран (0,25%) ретинол за ефективна борба против брчките обновувајќи ја површината.
„Afrodita Skin Specialist проконцентрат Ретинол. 2“
Овој производ е совршен избор за секој што бара напредна и ефикасна нега против стареење. Ефикасно ја намалува појавата на брчки, видливо ја затегнува кожата, создава сјаен, мазен изглед и ја зајакнува природната бариера на кожата делувајќи како навлажнувач.
Покрај тоа, го изедначува тенот и ја намалува хиперпигментацијата и формирањето на мозолчиња.
Крема „А313“
Оваа крема со ретинил палмитат го подобрува изгледот на кожата. Го одржува младешкиот изглед на кожата и ја штити од стареење, меѓу другото, ја намалува видливоста на фините линии и брчки на кожата.
Серум со ретинол „CeraVe“
Овој серум помага да се изедначи структурата на кожата со тоа што ја намалува појавата на лузни предизвикани од неправилности, ја намалува видливоста на порите и ја подобрува површината на кожата. Серумот е лесен и брзо се апсорбира, враќајќи и здравиот изглед на кожата.