Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.
Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.
Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.
Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.
Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.