Почитувани гледачи и среќниот ден од неделата во единствената ваша и наша „Само Вистина“ дали „морковот“ и „стапот“ ќе го променат македонскиот менталитет, или за да се искорени лажниот патриотизам ќе ни требаат уште три децении во иднина, под жешките рефлектори, вистината на опозицијата ќе ја говори координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и потпретседателот на СДСМ и министер Дамјан Манчевски.
Можни парламентарни избори на пролет заедно со претседателските, нов тест за партиите или залудно потрошен буџет за веќе познати резултати?
Чие политичко „педигре“ е подобно за нов претседател на државата? Кои имиња се во игра од владејачкото мнозинство, а кои од опозицијата?
На какви последици мисли Метју Нимиц доколку нестапи во сила Договорот од Преспа?
Ќе ни каже ли Мицевски како опозицијата ќе ги убеди граѓаните за новото лице на ВМРО-ДПМНЕ? Може ли Манчевски да ни открие дали нераспределените рамковни вработувања ќе ги пополнат потребните позиции за спроведување на законот за јазици?
Дали во потрага по консензуалниот кандидат ќе се отворат нови полемики за старите проблеми?
Законот за јазици, разгорување на кревкото меѓуетничко тло или искра за помирување по европски терк помеѓу граѓаните? Кој од кого ќе се брани, Уставниот суд од политиката или пратениците од граѓаните?
Дали до 2025-та година ќе зборуваме со мимики или на македонски јазик?
Дали количеството на ПМ честички во воздухот има поврзаност со нивото на среќа кај луѓето, или и покрај нечистиот воздух, празниот стомак си го прави своето, вечерва дерби на колото и уште еден дуел на линија опозиција, власт, со Никола Мицевски и Дамјан Манчевски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.