Јужнокорејскиот претседател тренира голф, за да му се допадне на Трамп

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол вежба голф за да се подготви за идните средби со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија од кабинетот на Јун.

Јужнокорејските медиуми објавија дека Јун го посетил теренот за голф во саботата и го играл овој спорт за прв пат од 2016 година. „Многу луѓе блиски до претседателот Трамп ми кажаа дека тој и јас ќе имаме добра хемија“, рече Јун на прес-конференција во четвртокот, откако телефонски му честиташе на Трамп за победата, објави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека поранешните функционери во администрацијата на Трамп и влијателните републиканци му понудиле помош во градењето врски со идниот претседател. „Вашингтон пост“ процени дека Трамп одиграл 261 рунди голф за време на неговиот прв мандат.

Јун се обиде да го импресионира американскиот претседател кога ја изведе песната American Pie на вечерата со Џо Бајден минатата година. Јужнокорејските компании во голема мера се потпираат на трговијата со САД, а за време на првиот мандат на Трамп, двете земји се судрија околу поделбата на трошоците за околу 28.500 американски војници стационирани во Јужна Кореја.

Официјални лица во Сеул во моментов се обидуваат да се подготват за значителни економски промени, додека Јун во неделата повика на разговори меѓу владата и претставниците на индустријата.

Според Рамон Пачеко Пардо, експерт за корејски прашања од Кралскиот колеџ во Лондон, сличните личности на Трамп и Јун и пристапите на аутсајдер може да им помогнат добро да се сложуваат. „Исто така, мислам дека Јун генерално им се допаѓа на креаторите на политиката во Соединетите држави, што ќе му помогне, кој и да го советува Трамп за надворешна политика“, нагласи тој.

Брус Клингнер од Фондацијата Херитиџ во Вашингтон се согласи дека двајцата би можеле да развијат силни односи, но предупреди дека тоа можеби нема да биде доволно за да се поштеди Јужна Кореја од негативни влијанија.

„Иако многу лидери ќе се обидат да го повторат пријателството што Шинзо Абе го имаше со Трамп, нема докази дека личниот однос резултирал со какви било опипливи придобивки за Јапонија“, додаде поранешниот аналитичар на ЦИА.

Боб е ТикТок сензација- сите ја гледаат рибата со човечко лице (ВИДЕО)

Тој е вистинска водена ѕвезда: во езерце во дворот во Лидс, Велика Британија, четиригодишниот крап по име Боб стана познат благодарение на неговите црти на лице слични на човек.

Боб има шари кои наликуваат на машки очи, нос, па дури и на мустаќи. Сопственикот на Боб, Малколм (48) тврди дека неговиот миленик е пријателска риба, додавајќи дека уникатната комбинација на бои на неговата глава на почетокот ја немало, туку се појавиле со текот на времето, пишува Dailymail.

Миленичката риба стана позната на социјалните мрежи откако било забележано дека има необични шари на главата кои наликуваат на лице на маж со мустаќи.

@dailymailanimals Bob the four-year-old koi carp has fans HOOKED on his unique appearance. 🤯 🎥 Jam Press / mal.p144 #fish #koifish #fishoftiktok #animals #bizarre ♬ Spooky Aesthetic - Trendify

Боб, четиригодишен кои крап, пристигнал во градината на Малколм пред три години, откако неговиот сопственик го купил за 150 фунти. Малком немал поим дека Боб ќе стане вистинска атракција: минувачите и туристите редовно застануваат за да ја погледнат одблизу рибата со човечки лик, а обожавателите на Интернет се маѓепсани од неговиот необичен изглед.

Боб е кохаку крап: овие риби имаат прекрасни бели и портокалови шари кои се менуваат и трансформираат со текот на времето. Иако на почетокот изгледал како секоја друга риба кога Малком го однел дома и го ставил во езерцето, шарите на Боб почнале да се менуваат. На вратот, како и на средината и долниот дел од главата му се појавиле црни дамки, поради што изгледа како да има очи, нос и уста.

Сопственикот на Боб, Малколм, градинар кој живее со сопругата и ќерката, вели дека Боб е популарен меѓу пријателите и семејството кои го сакаат, го хранат и поминуваат време со него. Малком излегува да го запознае секој што сака да го види Боб.

„Го поздравувам секој што сака да го види, бидејќи привлекува неверојатно внимание“, вели Малком, кој се сеќава дека кога го купил во продавницата, Боб бил најпријателската риба.

Сопственикот на Боб почнал да ги прикачува своите видеа на TikTok и тие веќе имаат милиони прегледи. Малком одлучил да го прошири езерцето, бидејќи рибите растат и се прилично алчни за храна, во што Боб води.

Силен тајфун пустоши низ Филипините- нема струја, училиштата се затворени...(ВИДЕО)

Тајфунот Тораџи го погоди северниот дел на Филипините, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија, пред да ослабне на ниво на тропска бура и да продолжи кон Јужното Кинеско Море, соопштија денеска филипинските власти.

Властите ги расчистуваат патиштата блокирани од паднатите дрвја, столбовите за струја и малите одрони предизвикани од Тораџи, за да овозможат премин на пакети со храна и друга владина помош и да ги спасат заглавените, пренесува Би-Би-Си.

Контингентите за одговор при катастрофи, вклучувајќи ги воените трупи, полицијата и крајбрежната стража, се обидуваат да одговорат на последиците од последователните тајфуни и бури.

Во северната провинција Кагајан, каде што претседателот Фернандо Маркос пред два дена го забележа обемот на штетите од претходниот тајфун, властите соопштија дека силните ветрови и обилните дождови зафатија 25 села и шест градови.

Најмалку 22 моста се непроодни поради поплавите, а 13 градови и главниот град на провинцијата Тугегарао пријавија прекини на електричната енергија.

Училиштата се затворени, а меѓуостровските фериботи и домашните летови се суспендирани во провинциите во или во близина на патеката на тајфунот Тораџи.

Последните два тајфуни и тропската бура пред Тораџи предизвикаа повеќе од 160 смртни случаи, оштетија илјадници домови и обработливо земјиште и погодија повеќе од девет милиони луѓе, вклучително и стотици илјади кои побегнаа во итни засолништа.

Филипините добија помош од САД и други земји од Југоисточна Азија, вклучително Сингапур, Малезија, Индонезија и Брунеи, за транспорт на храна, вода и друга помош во тешко погодените северни провинции.

Тораџи е четвртиот тајфун што го погоди филипинскиот архипелаг оваа година, а земјата се соочува со околу 20 тајфуни и тропски бури годишно.

притисни ентер