Но, наместо тоа, тој бил киднапиран, малтретиран и на крајот убиен. Осомничениот Дони М. (22) сега е осуден во случај кој ги шокираше сите, а не само Холандија, пренесуваат локалните медиуми.
Во летото 2022 година, Џино, кој живеел во Мастрихт, ја посетил својата постара сестра во градот Керкраде на неколку дена. Таму на игралиштето се сретнал со младиот човек Дони. Дони го прашал Џино за неговите фудбалски вештини, а потоа го киднапирал. Тоа што се случило со момчето е шокантно.
Според обвинителството, Дони го силувал момчето, го снимил грозоморниот чин и на крајот го задушил со перница. Тој дури и слушал музика додека го мачел момчето и го лишувал од живот, пренесуваат холандските медиуми.
Во меѓувреме, семејството на Џино очајно го барало. Се плашеле за неговиот живот, а потрагата по момчето е проширена и во соседна Германија.
По неколку дена телото на момчето било пронајдено во градина, а полицијата за убиството го уапсила Дони, кој го признал делото.
„Она што го направив беше ужасно, не требаше да се случи“, изјавил Дони на судењето.
Сепак, младиот човек остана прилично ладен и открил шокантни детали. Се вели дека Џино не бил првата жртва на Дони. Тој веќе бил осуден за закана и малтретирање на две момчиња и силување на едно од нив. Во тоа време, сепак, тој се уште бил малолетник.
Судијата го осуди на 25 години затвор, вклучително и ментална терапија. Ова е посебен облик на терапија и вклучува испраќање на осуденикот во психијатриска клиника каде што ќе се лекува од неговото педофилско растројство, без разлика дали тој сака или не.
Психијатрите ќе одлучат и дали и кога може да биде ослободен.
Пресудата е напишана на 72 страници. Во судницата имало тивок аплауз кога е објавена пресудата. Сестрата на момчето плачела за време на изрекувањето на пресудата.
Еден од судиите нагласи дека Дони постојано лажел и измислувал за време на распитот. Дополнително, на неговиот компјутер биле откриени над 12.900 слики од детска порнографија.
За семејството на Џино признанието и денешната пресуда, вклучително и барањето за обештетување, веројатно се само мала утеха. Тие дојдоа во судницата облечени во маички „Правда за Џино“ кога беше изречена пресудата.
"Ти ми зеде сè, сè за што живеев. Остатокот од животот треба да го поминеш зад решетки за тоа што му го направи на Џино и на другите деца", рече една од сестрите на Џино за време на судењето.
Мајката на Џино му се обрати на убиецот на почетокот на судењето.
„Ти си монструм“, му врескала на обвинетиот на почетокот на судењето. Не можела да издржи, скокнала и почнала да вреска. Судијата ја изведе надвор од судницата.
Таа не ја дочека пресудата. Пет месеци откако беше пронајден Џино, таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом. Полицијата не соопштува конкретни детали за смртта. Сепак, не се веруваше дека станува збор за кривично дело. Една од сестрите на Џино истакнала дека таа починала „од голема тага“. Мајчиното срце не можело повеќе да издржи.