„Само Интервју“ со Максим Димитриевски

Дами и господа, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Укинатиот балансер ќе се балансира со закон - крај на манипулации при вработувањата или само озаконување на праксата? Се ДУИ-зираат ли Вреди, или ЗНАМ гради политика на "антиалбанска доктрина"?

Албанија се одвои ги почна преговорите со ЕУ... ќе бидат ли уставните измени "мина" за владината коалиција? Што ќе пишува во писмото на Мицкоски и како да се убеди Софија за одложено дејство?

Дали поделбата на патриоти и предавници ќе ни ги заузда реформите? Ако 100 дена се малку, колку ќе бидат доволни за корумпираните да одговораат?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју, гостува Максим Димитриевски, по вестите во 18.

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм, не е познато дали таа или друга жена се пожалила на силување.

Станаа познати деталите за тоа што му се случи на Килијан Мбапе во Стокхолм. Претходно се дозна дека е покрената полициска истрага за жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм, каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта за време на патувањето во Шведска. Мбапе ја нарече оваа информација „лажна“.

Шведските обвинители објавија соопштение за печатот во кое најавија отворање на прелиминарна истрага по пријава за силување, без да го споменат името на францускиот интернационалец. Сепак, набрзо се појавија информации дека силуваната жена го навела Мбапе како виновник за инцидентот.

Според „Le Parisien“, Мбапе пристигнал во Стокхолм на иницијатива на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Норди Мукиеле, поранешен соиграч на Килијан во ПСЖ. Таму, напаѓачот на Реал Мадрид се сретна со извесен Марко, организатор на настанот. Така беше организирана забава, на која меѓу другите беа поканети и млади девојки.

Мбапе се сретна со една од нив, го напушти ноќниот клуб со неа и се упати кон хотелот „Банк“. Следниот ден размениле пораки, од кои станува јасно дека парот имал консензуален секс.

Во исто време, ништо не потврдува дека девојката со која Мбапе ја поминал ноќта и жалителот во случајот за силување се исто лице. „Le Parisien“ признава дека Французинот можел да има средба со друга жена во текот на ноќта.

Дел од општините Аеродром и Центар без вода

Без вода денеска се дел од жителите лоцирани на улицата „Тодор Чангов“ 36 и 38 во Општина Аеродром. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Тодор Чангов“ 36 број 5.

Поради дефект на улица „Петричка“ во Маџир Маало, денеска од 10:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Петричка“ и „Охридска“.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите.

Харис: Моето претседателство нема да биде продолжение на мандатот на Бајден

Демократската кандидатка за претседател на САД, Камала Харис изјави дека нејзиното претседателствување нема да биде продолжение на мандатот на претседателот Џо Бајден и нагласи дека ќе донесе „нов пристап“ во политиката.

-Би сакала да бидам многу јасна, мојот претседателски мандат нема да биде продолжение на политиката на Бајден, рече Харис во интервју за Фокс њуз.

Зборувајќи за актуелните прашања со имиграцијата, таа ја истакна потребата од реформирање на „расипаниот систем“, објави Си-Би-Ес.

-Не верувам во декриминализација на преминувањето на границата. Не го направив тоа како потпретседател и нема да го сторам ниту како претседател, рече Харис.

притисни ентер