„Само Интервју“ со Ферид Мухиќ

Дами и господа, вечерва во Само Интервју ќе гостува Ферид Мухиќ.

Достоинствено решение без диктат или одложување на процесите, стануваме ли земја на чудата, или полека го „вртиме“ кормилото?

Надмудрување или консензус, кој е планот за деблокада на интеграциите?

Има ли Мицкоски стратегија како да го пречесе Гордиевиот јазол за ЕУ, можни ли се новогодишни изненадувања на политичката сцена?

Зошто Тачи му заврте грб на Ахмети?

До кога бадентери и балансери ќе ни го уредуваат општеството, наместо капацитетот на луѓето?

Вечерва кај Гоце Михајлоски ќе гостува Ферид Мухиќ, по вестите во 18 часот.

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Членот на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. 

На шампионат во италијанскиот град, македонскиот каратист учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.

Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин.

До полуфиналето, Македонецот нанижа три победи. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

Настап на турнирот имаше и Данило Божовиќ (-84 кг). Со две победи во групата и една во репасажот тој беше на чекор на борба за бронза. Во клучното соочување загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе и го освои седмото место.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапува со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваат 1.990 спортисти од 113 држави.

Иван Иван прв играч во историјата на НХЛ со исто име и презиме

 Чешкиот хокеар на Колорадо, Иван Иван стана првиот играч во историјата на НХЛ чие име и презиме се сосема исти.

Дваесет и двегодишниот хокеар дебитираше за Колорадо ноќеска во натпреварот од регуларниот дел од сезоната 2024/25 против Вегас.

Иван Иван помина 9 минути и 44 секунди на мразот.

Чешкиот хокеар не беше драфтуван во НХЛ. Во пролетта 2024 година, Иван потпиша двегодишен договор со Колорадо.

Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска од 24 до 29 степени

Најниска утринска температура од шест степени утрово е измерена во Берово.

Како што информира УХМР, 9 степени се измерени на Попова Шапка, 10 во Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 11 во Тетово и Гевгелија, 12 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес и Кавадарци, 13 степени во Претор и 14 во Виница и Дебар.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнало во Лазараполе (шест литри на квадратен метар), 2 во Штип, Охрид, Виница, Прилеп и Крушево и 1 во Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци и Маврови Анови.

Утрово зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел од државата и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 27 степени.

притисни ентер