Разбиен митoт за сланината - 14 причини зошто треба да ја воведете во вашата исхрана (фото)

Нутриционисти се позанимавале со оваа тема и истакнале 14 причини зошто сланината би требало да се врати во исхраната без грижа на совест и каење.

1. Сланината не само што е вкусна, туку е и богата со протеини и есенцијални витамини од групата Б, клучни за одржување на имунитетот.

2. Разновидноста на сувомеснатите производи: сланината е единствената храна што е комбинација на солени и слатки ноти, создавајќи совршен спој на вкусови.

3. Нема јаглехидрати: Спротивно на популарното верување, сланината не содржи јаглехидрати, што ја прави одличен избор за оние кои сакаат да го намалат внесот на јаглехидрати и да ја одржат енергијата од мастите.

4. Најдоброто оружје за мамурлак: Масна сланина и шолја кафе се универзален лек за надминување на мамурлакот.

5. Го намалува чувството на глад: Заситените масти од сланината даваат долготрајно чувство на ситост, што го прави идеална опција за „опстанок“ помеѓу оброците.

6. Крцкава текстура: Честопати она што е покрцкаво е повкусно, а пржената крцкава сланина нè потсетува дека животот вреди да се живее со сите негови предизвици.

7. Будење со мирис на пржена сланина: Мирисот на сланина наутро може да ви го зголеми расположението и да ви ги разубави и најтешките денови.

8. Содржи есенцијални витамини од Б групата: сланината обезбедува значителни количини на тиамин, ниацин, витамин Б12 и цинк, важни за одржување на здравјето.

9. Понекогаш е добро да се „замастите“: Дозволете си да уживате во сланина без чувство на вина, понекогаш е добро да се „замастите“.

10. Изберете ја исхраната на нашите предци: Иако модерната исхрана еволуираше, сланината останува вкусен избор, исто како што била и за нашите предци.

11. Лесна за подготовка: Сланината е совршен избор за оние што сакаат вкусна храна без комплицирана подготовка.

12. Може да биде дел од секој оброк: сланината е универзален додаток на секој оброк – појадок, ручек или вечера, секогаш звучи примамливо.

13. Дури и кога е лоша, добра е: Сланината е неверојатно вкусна дури и кога не е совршено приготвена. Секогаш е подобар избор од многу други намирници.

14. Богата е со протеини: Протеините се клучни во здравата исхрана, а сланината ги содржи во изобилство, а тоа ја прави вкусен и хранлив избор.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер