„Патека на славните“ во Битола, првите ѕвезди за браќата Манаки

 Во Битола попладнево е промовирана Патеката на славните. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, се вдолж Широк сокак до Офицерскиот дом.

На промоцијата присутни се градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамески во изјава за МИА истакна дека само еден град во светот има ѕвезди на лица кои од различни аспекти дале придонес во филмската професија, но дека не постои град во светот каде има ѕвезди на кинематографери, но дека од денеска тоа е градот Битола.

- Ние сме најстариот фестивал во светот каде се чествуваат кинематограферите. Каде, на кое место, ако не тука, да почнеме ваква работа! Има повеќе причини зошто го правиме ова. Првата е дека само осумнаесет од нашите бивши добитници на наградата за животно дело се живи, а од нив 14 се постари од 80 години, и ако не го направиме ова додека се живи, нема да ги видиме на 50. годишнина на фестивалот. Сите ќе ги поканиме, ќе дојдат во Битола и сите ќе бидат на едно место, изјави Дамески.

На „Патеката на славните“ освен ѕвездите на браќата Манаки се и ѕвездите на Питер Бижу, Роби Милер, Џон Сели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Ментл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Свен Никвист и Бруно Далбонел.

- Со оваа „Патека на славните“ на најубав начин успеавме да ги свртиме очите на филмската уметност, на индустријата во светот кон Битола. Сакаме да гледаат што тука се прави и сите да зборуваат за тоа. За овој настан во моментов пишуваат пет-шест најголеми светски списанија како што се „Бритиш синематографер“, „Американ синематографер“, „Камералајтс мега“ за шпанското говорно подрачје, „Медија вижн“ и други списнија во кои веќе се промовира Битола, се промовира нашата земја како место во кое што се случуваат големи филмски работи. И, конечно, овој проект носи нови туристи, перспективи за фестивалот и други привилегии, вели Мони Дамески во МИА.

Благодарност за идејата и реализацијата на проектот искажаа Милтон Манаки, кој ги откри ѕвездите на своите прадедовци Милтон и Јанаки Манаки, и градоначалникот Тони Коњановски кој го поддржа проектот на фестивалот.

Бостон ги победи Клиперс и ја продолжи победничката серија на шест натпревари

Шампионот Бостон селтикс ноќеска на домашен терен ги победи Лос Анџелес клиперс со резултат 126:94 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата.

Најефикасен на паркетот беше гостинскиот центар Ивица Зубац, кој постигна 23 поени и забележа 10 скока. Кај домаќините Пејтон Причард и напаѓачот Џејсон Тејтум дадоа по 20 поени.

Бостон ја продолжи победничката серија на шест натпревари и е на второто место во Источната конференција со 15 победи.

Клиперси се на седмото место со 11 победи.

Пентагон не гледа знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Американското Министерство за одбрана нема податоци што укажуваат на тоа дека севернокорејски војници се присутни на окупираните украински територии или се упатуваат таму.

Тоа синоќа на брифинг го изјави заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, јавија украински медиуми.

„Нема знаци дека има севернокорејски војници во Украина“, рече портпаролката одговарајќи на новинарско прашање.

Таа истакна дека Пентагон може да го потврди присуството на севернокорејски војници во руската област Курск, што граничи со Украина. Според неа, не е забележано движење на севернокорејски војници на украинска територија.

Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови

„Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен резултат е смрт на пилотот“, објави Маск, шеф на вселенската компанија SpaceX и автомобилската индустрија Тесла, на својата платформа Икс.

Милијардерот Илон Маск, кој е назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја води комисијата за намалување на трошоците на федералната влада, изјави синоќа дека борбените авиони треба да се заменат со беспилотни летала бидејќи тие се иднината на судирите во воздух.

„Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен резултат е смрт на пилотот“, објави Маск, шеф на вселенската компанија SpaceX и автомобилската индустрија Тесла, на својата платформа Икс.

Зборувајќи за најсовремените борбени авиони на Локхид Мартин, што се сметаат водечки на американските ВВС откако стапија во служба во 2015 година, Маск рече дека „идиоти се уште градат борбени авиони со екипаж како што е Ф-35“. Покрај тоа, тој објави видео од стотици дронови „во формација“ во воздухот.

Стелт авионот од петта генерација, Ф-35 неодамна беше предмет на извозни договори за Романија, Полска, па дури и Германија.

Развојот на тој авион беше бавен поради неговата сложеност, особено компјутерските програми, а неговите оперативни трошоци беа многу високи.

„Дизајнот на F-35 не успеа во однос на поставените предуслови...Ф-35 стана комплексна машина без никаква борбена посебност", наведе Маск.

притисни ентер