„Моите веди“ на Вера Чејкоска добитник на „Браќа Миладиновци“

Книгата „Моите ведри“ од Вера Чејкоска е добитник на нагрaдата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Срушките вечери на поезијата за 2014 година.

Претседателот на жири-комисијата Елизабета Шелева на денешната прес-конференција каде беше соопштен добитникот, посочи дека авторката во својата петта книга „Моите веди“ вградува интересни конструктивни елементи од соверемните науки, чии откритија според имагинациската смелост и широчина се граничат со уметноста и мистицизмот.

- Книгата „Моите веди“ е интересен жанр, во кој се обединети текстови, кои претставуваат есеи. Тука се поместени и коментари, кои го засегаат насловот од индиските свети книги – ведите, појасни Шелева.

Според образложението од жирито, Чејкоска е оформен и признат поетски профил во современата македонска поезија, која негува една нетрадицонална визија на поетската практика и има нагласени метајазични и метапоетски опсервации. Таа по вокација е истакнат научник од областа на физиката и сеизмологијата, а ова се рефлектира во нејзиното поетско творештво, односно во книгата „Моите веди“.

Чејкоска нагласи дека е чест да се добие наградата, која го носи името на браќата Миладиновци.

- Наградата го носи името на нашите преродбеници, родени во оваа прекрасна Струга крај езерските води. Сум присуствувала на повеќе изданија на Струшките вечери на поезијата, каде се одржуваат востановените содржини на овој светски поетски фестивал, но убаво е и што се одржуваат нови мултимедијални настани што на фестивалот му даваат посебен шарм, додаде Чејкоска.

Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ втора година работи по нов правилник, што според членовите, ја прави нивната работа транспарентна и аргументирана. Со правилникот опфатена е тајноста на членовите на жирито, кои се обврзани на тајност и дискреција, да доставуваат аргументирани анализи секој поединечно, за целокупната продукција и за петте книги, кои влегоа во потесен избор. Документираните ергументи се чуваат во архивата на Струшките вечери на поезијата.

- Донесовме правилник, со кој тежнеевме да направиме нешто што ќе овозможи фер постапка, а во исто време да останат и документи како течел процесот за донесувањето на одлуката. Верувам дека ќе биде интересно и за идните поколенија, кои ќе истражуваат, ќе видат дека во архивата на Струшките вечри на поезијата има матерјали, кои ќе сведочат за тоа каква била поетската продукција во Македонија и кои естетски, литерарни критериуми биле дел од тој процес при донесување на одлуката, рече доректорот на фестивалот СВП Мите Стефоски.

На годинашниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнале 34 пријавени автори, а во потесна селекција влегоа „Лични податоци“ од Владимир Илијевски, „Кожа“ на Наташа Сарџоска, „Полнотија“ на Јован Стрезоски и „Поврзи ги точките“ на Николина Андова Шопова. /МИА

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер