„Многумина мислат дека ми е дедо и ме нарекуваат „спонзоруша“, а тој е во пензија“ (фото)

Оваа жена има 28 г. додека нејзиниот сопруг има 70 г.

Џеки Епштајн и Дејвид се запознале преку Интернет, на една страница за запознавање, тогаш таа имала 21 г., а тој 63 г. Сепак меѓу нив се родила љубов.

Џеки Епштајн (28) е Филипинка која е во брак со Дејвид (70), Американец кој е 42 години постар од неа. Познато е дека на Филипините различно се гледа на односот меѓу помладите жени и многу постарите мажи, па во оваа егзотична земја тоа е речиси секојдневна појава. Од друга страна, пак, во Америка, парот често на социјалните мрежи се соочува со погледи на осуда и злобни коментари. Џеки е многу привлечна и витална жена, додека Дејвид изгледа прилично старо, па многумина кога ќе го видат парот помислуваат дека тој ѝ е дедо.

Барајќи ја љубовта на својот живот, парот се запознал преку сајт за запознавање во 2016 година. Откако се допишувале, Дејвид отпатувал на Филипините за да ја запознае Џеки, која тогаш имала само 21 г. Таму се виделе неколку пати, и тоа било доволно за овој Американец да се заљуби во неа. Откако се вратил дома, размислувал и донел одлука да ја запроси младата Филипинка. Бил воодушевен кога таа се согласила. Тие се во брак 5 години и се сакаат исто како првиот ден.

-Никогаш не зажалив што се омажив за Дејвид, тој е навистина добар човек. Тој ме сака и почитува. Што се однесува до разликата во години, немаме никакви проблеми со неа - објаснила Епштајн за медиумите, а за тоа пишуваше и Сан.

Парот честопати на социјалните мрежи објавува фотографии и видеа од нив споделувајќи ја нивната љубовна приказна со други парови кои имаат слична разлика во годините. Оваа млада жена истакнува дека иако секогаш има одреден број на непријатни коментари, мнозинството луѓе ја поддржуваат нивната врска.

-Оние што не нè поддржуваат коментираат дека јас сум „спонзоруша“, а Давид е мојот „спонзор“, но тоа навистина не е така. Тој е во пензија, живееме во Калифорнија, точно е дека тој плаќа најголем дел од сметките, но и јас работам во локалниот маркет, додека парите што ги заработувам ги испраќам на моето семејство на Филипините кои се во многу тешка финансиска ситуација. Дејвид и јас одлично функционираме - објаснува Џеки.

Коментарите беа поволни и за парот:

- Таа вели дека ја сака и почитува, а тоа е најмногу што мажот може да го направи за една жена.

- Ти посакувам среќа.

- Според изразот на вашите лица, се гледа дека се сакате. Навивам за вас.

- Реално, навистина изгледа како да ѝ е дедо, но ако таа има подобар живот со него, а тој со неа, зошто да не!

- Уште еден доказ дека годините се само бројка.

Барселона за првпат по заминувањето на Меси ќе игра во плејофот од Лигата на шампионите

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето.

Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1).

После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа.

Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен.

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, 3 од Македонија

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

- Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер