„Менхарт“ го дотера моќниот теренец на БМВ, има сто коњи повеќе (ФОТО)

BMW X5 M во режија на германскиот тјунер изгледа многу моќно.

Покрај уште поагресивниот изглед, името MHX5 700 сугерира и промени под хаубата. Точно, бидејќи 4,4 твин-турбо V8 моторот сега развива околу сто коњи повеќе. Поточно, сега има 730 КС и дури 900 Nm. Звучи уште поимпресивно што таков скок е направен исклучиво со работа на контролната електроника и инсталирање на нов издув.

Кога станува збор за дизајнот, Менхарт нагласува дека сите модификации се направени од карбон. Врвот се бандажите од 23 инчи и вградувањето на спортска суспензија.

Да напоменеме дека Manhart нуди и помоќна верзија со над 820 КС. Исто така, модификациите се уште не се нудат на ажурираната верзија на моделот кој има 48V хибриден систем. Цената за целата обработка не е дефинирана, но затоа веб-продавницата на тјунерот јасно укажува дека овие додатоци не се евтини.

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото п.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Јулија Навална: На Путин мора да му дојде крајот

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија, денеска изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да дојде до крај, јави Бета.

-За мене лично, последните шест години од владеењето на Путин беа годините во кои мојот сопруг, Алексеј Навални, вистински руски патриот, беше прогонуван, отруен со хемиско оружје, суден, мачен во затвор три години, а потоа убиен, рече Навална и притоа за сето тоа го обвини рускиот претседател.

Во видео порака објавена на Јутјуб таа кажа дека со секој нов мандат на Путин целата ситуација во земјата се влошува и додаде дека е страшно да се замисли што друго ќе се случи доколку тој остане на власт.

-Секојдневно ни се крадат огромни суми пари за да се бомбардираат мирните градови, им порача Јулија на граѓаните на Русија и истакна дека Путин се плаши да ги открие вистинските бројки за жртвите на „крвавата и бесмислена војна што никој не ја сака, туку само тој“.

Таа додаде дека Русија со Путин „нема да има ниту мир, ниту развој, ниту слобода“, а тој не го исполнил ветувањето дадено за време на последниот инаугуративен говор кога кажа дека сака мирна Русија, безбедна за нејзините граѓани.

-Пред два месеци Русија доживеа масовна трагедија, еден од најголемите и најстрашни терористички напади во поновата историја. Руските безбедносни сили не успеаја да го спречат и дозволија смрт на десетици наши сограѓани. А сепак, секој ден мирно апсат поединци за новинарство, ставови, па дури и објава на социјалните мрежи, рече Навална.

Таа додаде дека мора да се обезбеди никој во светот да нема доверба во Путин, ниту во Русија, ниту надвор од нејзините граници.

-Нашата земја моментално ја води лажго, крадец и убиец, но на тоа ќе му дојде крајот. Не се откажувајте, вистината ќе победи, заклучила Јулија Навална во видео пораката на ЈуТјуб по повод новата, петта инаугурација на Владимир Путин како претседател на Русија.

Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни од затвор

Затворениот руски дисидент и новинар, Владимир Кара-Мурза, ја доби Пулицеровата награда за 2024 година за коментарите и за своите написи објавени во Вашингтон пост.

Кара-Мурза „победи за страсните колумни напишани со голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија кон Владимир Путин и инсистирајќи на демократската иднина на неговата земја“, се наведува во соопштението на Пулицеровата комисија.

Кара-Мурза моментално отслужува 25-годишна затворска казна, најдолга затворска казна изречена на противник на Кремљ во постсоветска Русија, за дискредитација на руската војска и предавство, по забелешките што ги даде во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Москва, јавува Радио Слободна Европа.

притисни ентер