„ЛУДИЛО“: Вилма ќе ги „гони“ судиите, а тие ќе ја пријават во МВР за закана...но чекајте, тоа не е се!

После пуштањето на Катица Јанева во домашен притвор, која се појави од полициското комбе облечена/затскриена како „мастер Јода “, започна ли размрсувањето на „клопчето“?

За многумина беше шок пуштањето на Катица Јанева во домашен притвор без притоа судот да не побара финансиска гаранција. И од тој момент, почнаа да работат „гранапите“ но и „фабриките“ за шпекулации и оговарања.
Додатно, започна и ново „реално шоу“, во кое во куќата на „праведниот брат“ влегоа Вилма Рускоска и судиите од Апелација кои одлучуваа за притворот на Катица, за да тие самите си докажат - кој е „на прав пат“, а кој има намера да го „обнови“ правосудниот систем.
Последните вести се овие:
Вилма Рускоска, фуриозна и вино разочарана се „закани“ дека ќе започне финансиска истрага против судиите, кои според нејзе, не требале да дозволе домашен притвор за сињора Катица.
Судиите го возвратија ударот, и неофицијално се дознава дека денес ќе поднесат пријава против Вилма Рускоска, за наводни закани по пат на СМС пораки.

Неколку дена пред ова, дознавме дека Фросина Ременски и таа ќе поднела преставка до МВР, ама овојпат нема да ги „тужи“ судиите или Рускоска, туку самите МВР.
Причината за оваа преставка е што МВР направиле претрес во нејзиниот дом, и наводно пронашле доверливи „строга тајна“ документи, а таа не била во тој момент присутна во домот. А што бараат строго доверливи документи во домот на Ременски...тоа веројатно е дозволено за сите оние кои имаат сертификат за државна тајна. Само се прашуваме дали и почитуваниот колега Сашо Орданоски, кој потврди дека поседува највисок сертификат за државна тајна, има ваков „табиет„ како Ременски?

А малку пред оваа изјава на Ременски, според нашите информации, во обвинителството како сведоци беа повикани преку 80 лица кои биле на директен или индиректен начин поврзани со аферата Рекет.
Јавен интерес е да дознаеме дали исказите на тие наши сограѓани имплицираат сериозна инволвираност и на други лица во овој скандал, и веруваме дека ако е тоа точно, обвинителството ќе има дополнителна работа.

Во меѓувреме , Канал 5 ТВ чека речиси 4 месеци за конечна реакција од ОЈО по повод нашата кривична пријава за лицето Саше Ивановски, а „Ведетите“...си знаат тие што сакаме да кажеме.

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер