Она што важи за речиси сите производители на автомобили, важи и за „Lamborghini“ - електрификацијата на сопствената гама не може да се заобиколи. Но, дали овој „напредок“ ќе влијае на препознатливиот спортски дизајн и како?
Италијанскиот производител на суперспортски автомобили веројатно порано или подоцна во своето портфолио ќе додаде возила со електрични мотори и батерии.
„Но, тоа не значи дека дизајнерскиот јазик се менува“, вели менаџерот за дизајн, Словенецот Митја Боркерт.
Обраќајќи им се на новинарите на саемот за автомобили „Milan Monza Motor Show“, Боркерт рече дека „Lamborghini“ ќе продолжи да создава автомобили со „емотивни перформанси“.
„Тие секогаш ќе изгледаат како вселенски бродови, секогаш ќе бидат инспиративни, секогаш ќе има автомобили кои, без разлика на нивната технологија, ќе имаат звук и емоции што ве допираат“, рече Боркерт.
Затоа е за очекување идното електрично „Lamborghini“ да продолжи со „вселенскиот“ дизајн, како моделот „Sian FKP 37“.
Овој супер-ограничено издание на суперавтомобил исто така беше изложен на овој настан.
Електрифицираниот хиперавтомобил користи суперкондензатори, мрежен напон од 48 V и електромотор од 34 КС во комбинација со атмосферски V12 за вкупна моќност од 819 КС.
Иднината на „Lamborghini“ ќе се потпира на поконвенционален хибриден погон.
Производителот, кој успешно работи под покровителство на „Volkswagen Group“, оваа година сака да ги лансира своите најнови автомобили кои ќе имаат исклучиво погон со мотори со внатрешно согорување.
Целосната хибридизација на гамата треба да се случи до 2024 година, а првиот целосно електричен автомобил со амблем на бик е планиран за 2028 година.
Извор: Б92