„Каменичко културно лето" за првпат доби финансиска поддршка од Министерството за култура

Општина Македонска Каменица доби 800 илјади денари за организирање манифестации од областа на културата што е прва финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ.

Согласно финалните резултати од годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2020 година, средствата ќе бидат наменети за организирање на манифестацијата „Каменичко културно лето".

Од Општината велат дека ова е значајна поддршка за „Каменичко културно лето", како најголем проект кој општина Македонска Каменица го реализира во областа на културата.

– Вредно за напомена е дека, иако „Каменичко културно лето" опстојува повеќе години наназад, оваа година за првпат добива поддршка од Министерството за култура. Со ова општина Македонска Каменица преку постојаните вложувања во културата, многубројните културни настани организирани од Културно-информативниот центар „Романса" и поддршката од Министерството за култура прераснува во најголем културен центар на Истокот, велат од Општината.

Додаваат дека поддршката е оправдана ако се има предвид дека се работи за издржан и добро аргументирани проект, конципиран со квалитетни уметнички содржини, кој поттикнува културен диверзитет, уметничко творештво и културен развој.

Освен „Каменичко културно лето", по пауза од една година, значајна финансиска поддршка од Министертвото за култура доби и фестивалот „Тру саунд оф Каменица" („True Sound of Kamenica"). За организирање на овој настан, организаторите добија финансиска поддршка од 400 илјади денари. /МИА

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер