„Гответе со Дракче“ - Леќа

Во среда (12.06.2024) во емисијата гостин ни беше Александар Ристовски Принц.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче црвена леќа

1 главица кромид

1 морков

1 лажица брашно

1 лажица црвен пипер

малку масло

зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Доделени наградите по повод Конкурсот за Денот на штедењето

Финансиската писменост е основа за успешна иднина и клучен фактор за личен развој. 

Во светот во кој живееме, каде што економските услови постојано се менуваат, за младите генерации е особено важно да бидат добро подготвени и информирани. Кога поединците разбираат како функционираат финансиските инструменти и концепти, тие можат подобро да управуваат со своите ресурси. Ова се пораките коишто ги упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовни и литературни творби за основното и средното образование, по повод Меѓународниот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

„Општо е познато дека без штедење нема инвестиции. Тоа значи вложување во подобро здравство, образование, патишта, безбедност, односно вложување во сето она што е важно за подобра иднина на поединецот, но и на целата економија. Задоволство е да се види дека младите кои учествуваа на Конкурсот веќе имаат свои согледувања за потребите од штедење, свесност за брзиот развој на финансиите, особено дигиталните услуги, како и за ризиците коишто ги носат тие. Новите генерации живеат во едно ново дигитално време, во кое имаат пристап до бројни информации, но и бројни можности за измами. Најдобар начин за да се заштитат од овие ризици е преку соодветна едукација“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска.

„Имаше навистина квалитетни творби. Пристигнаа околу 700 од целата земја. Настанот преминува во една прекрасна традиција и претставува инспирација за да се мотивираме себеси и другите како да ги ставиме финансиите во прв план, за да можеме заедно да изградиме подобра финансиска иднина за нас и за нашите идни генерации. Финансиската писменост е една од најсилните алатки што ги имаме на располагање за да ги обезбедиме нашите финансиски можности и за да ги постигнеме нашите финансиски цели, а притоа да се заштитиме од финансиските ризици. Затоа, важно е да го поставиме финансиското образование во центарот на нашите училишта, нашите заедници и нашите животи и уште од најрана возраст да овозможиме стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот. Тоа е долготраен процес чии ефекти не се видливи веднаш, затоа, да бидеме свесни за нашиот финансиски потенцијал и да го искористиме со мудрост “, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

На Конкурсот пристигнаа околу 700 труда коишто се одликуваат со квалитет, креативност и автентичен стил на изразување, како и познавање на темата за штедењето, значењето на финансиската писменост, предностите и ризиците кај дигиталните финансиски услуги, соопштуваат од Народна банка.

Никола Јокиќ му се нафрли на судијата (ВИДЕО)

Во последните секунди од натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Далас Маверикс беше забележан момент на гнев кај Никола Јокиќ.

Сè се случи кон самиот крај на натпреварот, чиј исход можеше да биде нерешен. Заврши со победа на Далас со 123:120.

Центарот на српскиот Нагетс, трикратниот МВП на НБА и за многумина негов најдобар играч, бараше позиција под кошот откако со офанзивен скок му овозможи нов напад на својот тим. Во тие моменти Дерек Лајвли II го турна одзади и го фрли на подот.

Џамал ​​Мареј постигна тројка во таа акција, но Јокиќ не сакаше сѐ да помине без објаснување и судиската реакција за претрпениот прекршок. Со раширени раце тргна кон судијата, малку подоцна го следеше гласно зборувајќи, а по одговорот на судијата почна бесно да вика по него. Не ја доби својата правда, но ниту техничка грешка.

„Грин машинс“ на Брако на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија

Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија,  кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа. 

Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.

На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.

Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.

Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон, соопштуваат од компанијата.

притисни ентер