Ако пред 10тина година ваков тип сообраќај гледавме само во научно фантастичните филмови, нема сомнеж дека брзо може да стане реалност и кај нас.
Сообраќајот во Дубаи веќе се одвива на овој начин, а се почнува со градба и цел еден град во Абу Даби. Скајвеј сообраќај се гради и на 5 локации низ светот.
Студентите на машинскиот факултет денеска се запознаа со сите бенефиции од овој проект, а со него веќе се запознал и градскиот градоначалник Шилегов кој покажал заинтересираност и преговорите се во тек.
Во зависност од моделот може да се превезат и до 168 патници.Воздушниот сообраќај ја елиминира можноста за несреќи.
Еколошки, побезбеден и поефтин превоз дури и од електричните автомобили нуди овој начин на превоз.
Скопје да биде првиот град во Европа со воздушен сообраќај ќе биде потребна само година и половина.
Идејата потекнува од 70тите години на минатиот век, дело на белоруски иноватор. Потребни биле 400 инвеститори за идејата да стане реалност.
Шилегов веќе најави дека ќе ја оствари долгогодишната желба за транвај во главниот град. Од Скајвеј велат дека ако трамвајот чини 150 милиони евра, градот за изградба на ваков летечки превоз ќе потроши само околу 40 милиони евра.