Зошто толку променлива пролет

 Променливото време со повеќе облачни денови, засилен ветер и дождови се одлика на оваа пролет што е невообичаено за овој период од годината.

Постудените утра кои беа типични за овој период се причина пролетната облека да се замени повторно со зимска, а осцилациите во утринските и дневните температури влијаат врз здравјето, особено кај хронично болните пациенти. Многумина се прашуваат зошто оваа пролет е толку променлива и постудена од останатите досега.

Професорот Владо Спиридонов, кој работи како визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена, во својата најнова анализа „Зошто толку променлива пролет 2019" упатува на неколку клучни фактори кои влијаат врз ваквиот развој на времето. Се осврнува на индексите на Северно-атланската и Артичката осцилација, како и на загревањето на Артикот и феномените Ел Нињо и Ла Ниња.

Во резимето на анализата, професорот Спиридонов наведува дека Северо-атланската осцилација има негативен индекс, а слабо изразен негативен индекс има и Артичката осцилација, додека како резултат на послабо изразениот поларен вртлог и послабиот интензитет на млазна струја, ладниот воздух се издвојува од ротацијата на вртење (агловиот спин) и се движи кон југ при што се јавуваат чести продори на ладен воздух кои создаваат поволни динамични услови за развој на циклони и фронтални системи.

Овој модел, појаснува професорот Спиридонов, поддржува сезонски до повисоки температури низ северна Европа и сезонски до пониски температури во јужниот дел на Европа и Балканот.

Објаснувајќи детали од анализата, Спиридонов во изјава за МИА вели дека почетокот на годинава се карактеризирал со појава на екстремни временски прилики во многу делови од светот и тоа од рекордни температури, пожари и врнежи во Јужна Америка и Австралија, до опасни и екстремни студови во Северна Америка и обилни снежни врнежи на Алпите и Хималаите.

– Според извештајот на Светската Метеоролошка Организација (СМО), на глобално ниво температурите за месец јануари се за 0,4°C повисоки од просечните за нормалниот климатски период 1981-2010 година. Така на пример, Австралија продолжи да се соочува со големи горештини, но и други региони бележеа многу повисоки просечни температури како Блискиот Исток и источниот дел на Сибир, Монголија и североисточна Кина. Од друга страна пак потпросечна температура беше евидентирана на Арктичкиот океан, додека во Европа, температурите беа близу или нешто под просекот. На Алпите е регистрирана натпросечна количина снежни врнежи. По должината на северните делови на источниот Медитеран и северозападно од Шпанија, количеството врнежи беше исто така многу над просекот, што доведе до излевање на некои реки и појава на поплави каде за жал имаше и жртви, истакнува Спиридонов во изјавата за МИА.

Посочува дека промената на времето зависи од распределбата на топлината, ветерот и влагата и оти кога станува збор за актуелните карактеристики на времето, тие зависат од тековниот статус на атмосферата над една област или место.

Во одделни сезони, вели Спиридонов, се јавуваат промени во однос на вообичаените дневни одлики типични за таа сезона (во однос на температурите, врнежите, ветровите и сл) и во тој случај причината за тие сезонски промени треба да се бара во промените и отстапувањата на основните глобални двигатели: сончевото зрачење, општата атмосферска и океанска циркулација, распоредот и поместувањето на воздушните маси, распределбата на баричките системи (центри со низок и висок воздушен притисок), температурните градиенти (транспорт на топлина), млазните струи (тесни појаси со силни ветрови на висина, каде конвергираат две воздушни маси со различни температури) и други временски и климатски феномени.

И времето и климата имаат суштинско значење врз одвивањето на животот и секојдневните активности на луѓето. Како резултат на климатските промени се јавуваат повисоки температури на воздухот, промени во режимот на врнежите, зголемување на фреквенцијата или интензитетот на некои екстремни временски појави и зголемување на нивото на морињата. Овие влијанија го загрозуваат нашето здравје со тоа што влијаат врз храната што ја јадеме, водата што ја пиеме, воздухот што го дишеме и времето што го доживуваме.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер