Зошто и како да започнете здрав начин на живот?

Зошто е важно да имаме здрав начин на живот?

Развојот на науката и технологијата денес наметнуваат брзо, динамично темпо на живеење кое е пропратено со постојан притисок за повеќе работа, повеќе заработка и непрестано освојување на нови позиции, во општеството, во економијата и во животот. За жал ваквото темпо денес остава многу малку простор за здрав начин на живот!

Зошто е важно да имаме здрав начин на живот?

И покрај големиот напредок на медицината, голем број на болести денес, како на пример кардиоваскуларните болести, дијабетот, деменцијата и неуродегенеративните болести, заболувањата на коскено зглобниот систем и други болести се во постојан пораст и водечка причина за смртност или инвалидитет на населението во развиениот свет. Едноставно, модерното живеење не го поддржува здравјето, зошто денес луѓето имаат се помалку време за квалитетна исхрана, редовна физичка активност, и грижа за психичкото здравје со релаксација, одмор и квалитетен сон, што е директна причина за појава и развој на широк спектар здравствени проблеми. Токму затоа водењето на здрав начин на живот значи и добра превенција од појавата на хронини болести, и одржување на виталноста и благосостојбата на организмот до длабоко во староста. Тоа треба да ви биде доволна мотивација, а ние со препораките дадени подоле ќе ви помогнеме полесно да направете целосен план и рутини за остварување на мисијата!

Што значи здрав начин на живот?

Експертите велат дека за да постигнете здрав начин на живот важно е да се фокусирате на следните 3 клучни аспекти:

здрава исхрана,

физичка активност и

психичко здравје.

Само водењето грижа за сите 3 клучни фактори ќе ви обезбеди добри резултати на долг рок.

Што треба да избегнуваме во исхраната и што претставува здрава исхрана?

Овде нутриционистите се речиси едногласни! Ако сакате здрав начин на живот, направите ги следните промени во исхраната.

Колку можете повеќе од исхраната да ги елиминирате брзата и процесирана храна која е полна со адитиви, конзерванси и токсини, како и храната со додадени рефинирани шеќери (кондиторски производи, слатки и засладени сокови), бели брашна и процесирани, хидрогенизирани масти. Внесот на ваква храна доведува до зголемена токсификација и оксидативен стрес на организмот, појава на воспаленија и развој на болести на метаболизмот, а едновремено го намалува и имунитетот.

Избегнувајте го внесот на конвенционално–индустриски одгледана храна од животинско потекло и секаков вид месни или млечни преработки. Животинските продукти како месото, млекото и јајцата треба да бидат застапени во здравиот начин на исхрана, но само доколку се органски и домашно одгледани на природен начин.

Здрав начин на живот значи секојдневно, обилно внесување на различни видови зеленук. Овошјето исто така е важно и треба да биде застапено секојдневно во исхраната, но умерено, еден до два плода на ден, а предност дадете на овошјето со понизок ГИ и изобилство на антиоксиданти, како шумското овошје. Најголем дел од овошјето и зеленчукот треба да ги внесуваме свежи, во салати, смудија или како ужинка, а само помал дел термички обработени како додаток на оброкот.

Продуктите направени од брашна од житарки (леб, пецива и тестенини) заменете ги со внес на цели зрна од житарки, приготвени во салати или варива, или најдобро замнете ги со мешунки семиња и јаткасти плодови, кои имаат избаланзиран нутритивен состав, повеќе протеини, влакна, витамини и минерали, а помалку јаглехидрати од житарките, со што се подобри и за одржување на здравјето и за регулирање на тежината.

Внесувајте и природно ферментирани производи кои се неопходни за добро здравје на цревната микрофлора која влијае на целото здравје. И секако не ја заборавајте хидрацијата на организмот. Водата е неопходна за сите животни процеси и затоа секогаш хидрирајте го телото со свежа вода или незасладени билни чаеви.

Колку физичка активност е потребна?

Физичката активност треба да биде составен дел од промените кон здрав начин на живот, треба да биде редовна, но сепак умерена. Зависно од возраста, физичката способност или времето, обидете се барем 3-4 пати во неделата да практикувате возење точак, активно пешачење, пливање, пилатес или фитнес, што и да одберете придржувајте се кон поставениот план и рутини и резултатите нема да изостанат.

Како да се справиме со стресот и психичкото здравје?

Денес стресот е големо, секојдневно оптеретување од кое се чини нема излез. Постојаниот стрес сериозно може да го наруши здравјето затоа учењето како да се справиме со стресот е неопходно за да постигнеме здрав начин на живот. И овде е потребен план и рутина, изберете јога, медитација, релаксација во природа, или спорт и рекреација и секогаш одвојте доволно време за одмор и доволно сон кој е неопходен и за здравјето на телото и за духот. Што и да ви одговара, бидете постојани, упорни и работете на намалување на стресот, бидејки без добро психичко здравје не постои здрав начин на живот.

Здравјето денес е поважно од кога било. Следете ги дадените совети, поставете план и не се откажувајте. Потрудете се колку повеќе можете да се храните добро, да вежбате и да го намалите стресот. Но доколку не можете да постигнете се не грижете се, многу нутриционисти и здравствени консултанти препорачуваат дека секогаш можете на исхраната на внесете природни додатоци на Натура Терапи кои се базирани на растителни екстракти, минерали, витамини и други нутриенти кои научно докажано можат да помогнат во одржување на здравјето, заштита од болестите и регулирање на тежината. Квалитетните додатоци на исхраната нека бидат ваша мала тајна и ефикасна кратенка за постигнување на подобри резултати кон остварување на мисијата за здрав начин на живот.

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

JPMorgan се соочува со блокирање на својот имот во Русија

Од американската банка JPMorgan изјавија дека нејзините активи во Русија може да бидат конфискувани по барањата за блокирање на средства поднесени во руски и американски судови.

Банката се судира со правни притисоци поради тоа што сè уште води бизнис во Русија откако САД и европските земји воведоа економски санкции против Русија а поради нејзината инвазија во Украина.

Висината на средствата што можат да бидат блокирани ја надминува вредноста на имотот на JPMorgan во Русија.

Руски суд минатиот месец донесе одлука за блокирање на средствата на руски сметки на подружницата на JPMorgan во Русија откако руската државна банка ВТБ поднесе барање за враќање на своите средства блокирани во странство што таа ги оценува во вредност од 439,5 милиони долари.

Од JPMorgan изјавија дека според американските закони таа не смее да предава средства на компании кои се под санкции. ВТБ е внесена во списокот санкции на САД во февруари 2022 година. /МИА

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш. 

Во прилог ви го испраќаме говорот на д-р Филипче интегрално.

Почитувани граѓани, драги пријатели

Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај.

Секоја партија силата ја црпи од единството. За жал, ни се повторува историјата од 2006 година и повторно се соочуваме со поделба. Секој кој вистински ја поддржува СДСМ, кој е социјалдемократ и верува во вредности на слобода, правда, еднаквост, не може и не смее да остане рамнодушен на оваа состојба. Сите добро знаат што значи слаб и поделен СДСМ за иднината на државата. Тоа значи власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ без контрола, насилна власт која ќе злоупотребува и гази сè пред себе. Ова не го кажувам за да заплашам никого. Ова го кажувам затоа што во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена. А кога нема суштинска промена не може да се очекува различно владеење.

Во оваа кампања разговарав со илјадници луѓе. Влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари. Пораката кон нас е дека граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив. И ова мора да го испочитуваме веднаш по изборите. Само така ќе ја вратиме довербата и ќе ја издигнеме СДСМ онаму каде што и е местото, на врвот на политичката сцена. Дадов многу ветувања и тие ветувања немам намера да ги изневерам.

Во овој момент не е клучното прашање дали СДСМ ќе оди во опозиција. Клучното прашање е што е на другата страна, која е алтернативата, дали Македонија може да остане на стратешкиот колосек со нив? Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ниту една грешка не е толку голема да ги оставиме да нè понижуваат и потценуваат. Затоа, апелирам до секој од вас да смогнете сила, заедно да одработиме за достоинствен изборен резултат.

Ние мора да се исправиме и да се соочиме со предизвиците. Јунаците се препознаваат кога е тешко. Затоа победите имаат многу татковци, а поразот само еден. Ајде сега да се фокусираме на второто полувреме од оваа тешка битка.

Сакам да им испратам порака на сите наши долгогодишни поддржувачи, оние кои решиле да не гласаат или да гласаат за други партии за да го изразат револтот.

Драги сопартијци, драги симпатизери и поддржувачи, со вашиот глас против не ја казнувате СДСМ, туку ја наградувате ВМРО-ДПМНЕ. И доделувате неограничена моќ која тие најдобро знаат како да ја злоупотребат. Веќе започнаа со заплашувања и реваншизам и нема да престанат тоа да го прават.

Сега, повеќе од кога било ни е потребно единството. Ова е време кога мора да останеме заедно. Нашето единство е нашата моќ. Нашето единство е основата на која ќе градиме посветла иднина за сите. Мора да се здружиме, како едно семејство на СДСМ, да обезбедиме нашите гласови да бидат обединети и силни.

Драги пријатели,

СДСМ имаше тежок мандат од седум години во кој направи многу позитивни работи за државата и граѓаните. Мандат во кој решивме наталожени проблеми, се боревме со три кризи и го штитевме стандардот на граѓаните.

Многу енергија потрошивме за земјата да стане членка на НАТО, да почнеме разговори за членство во ЕУ и да ги зачуваме внатрешниот мир и стабилноста преку изградбата на едно општество за сите.

Некои можеби ќе речат дека премногу сме жртвувале за остварување на тие цели. Но, не заборавајте колку е тоа важно во време кога две големи војни не стивнуваат, кога младите бегаат затоа што бараат европски стандарди, кога неизвесноста е поголема од кога било.Веројатно има многу за што да ни замерат граѓаните, но не може да ни замерат за исправноста во намерите и политиките со кој се грижевме за секој, во едно исклучително тешко време за владеење.

Почитувани граѓани,

Ја слушнав понудата која вчера партијата ЗНАМ ја даде јавно до СДСМ. Дозволете ми кратко, да ја кажам вистината за овој политички маневар на Максим Димитриевски. Понудата на ЗНАМ кон СДСМ не е реална понуда. Ваквата понуда е очекувано да биде одбиена од кое било раководство на партијата. Таа е направена со цел да биде одбиена. Нема чесни намери во делувањето на Максим Димитриевски кон СДСМ или членовите на партијата за кои наводно го болело срцето. Неговиот предлог, кој повеќе личи напишан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, е само алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во која е ефективно уште од 2021 година. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ.

За крај почитувани граѓани, драги пријатели, имам само да порачам уште еднаш добро да размислите пред гласањето на 8 мај. Гласот е одговорност кон себе, но и кон сите други во општеството, гласот е алатка за избор на тоа каква иднина сакате.

Да се мобилизираме за изборите на 8 мај и да постигнеме добар резултат.

Да направиме моќна парламентарна група во Собранието која ќе може да формира коалициона влада или да се спротивстави на секој кој сака да и наштети на Македонија. Потребен ни е силен СДСМ, на граѓаните им е потребен. Партија која знае да се обновува, да расте и да победува. И јас сум убеден дека ќе постигнеме добар резултат на 8 мај.

Не се откажуваме од СДСМ.

Не се откажуваме од остварување на стратешките цели на Македонија. Не се откажуваме од иднината.Радовиш треба да ни донесе радост. Од овде и од оваа изборна единица може да почне големиот пресврт.Ви благодарам!

притисни ентер