ЗОЛЕНИК

Рецепт на: Бранко Попоски

Потребни состојки: 1 кг. пченкарно брашно, 3 лажици бело пченично брашно, 2 страка праз, 2 јајца, малку масло, малку сол и 1 пакетче пециво.

Постапка:

Во подлабок сад со пченкарно брашно се става 3 лажици бело пченично брашно и добро се промешува.

Потоа се подготвува филот од 2 страка праз и 2 јајца

Во тава со масло се пропржува сечкан праз, се додаваат две јајца и се зачинува со сол по вкус.

Додека се пропржува празот со јајцата, во плехот се налева масло.

Со рака се „золе“ од смесата со пченкарно и пченично брашно.

Одозгора брашното се натопува со вода со сол и пециво.

Потоа пак се „золе“ со брашно и се натопува со солената вода.

Се попрскува со масло и повторно се „золе“ брашно.

Потоа се става од филот со праз и јајца и повторно се „золе“ брашно.

Се налева солена вода, се попрскува со масло и се додава преостанатиот фил.

Филот се покрива со брашно, се попрскува со масло и се остава да отстои околу 15 минути.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути на 250 степени.

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми.

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека најголем дел од банките ќе се вклучат во овој проект.

Стојаноски образложи со колкава сума на пари ќе располага фанансискиот пакет и за која намена ќе се искористи таа сума, додавајќи дека ќе биде од помош и за општините и за стопанството, по што дополни дека најбитно од сето тоа се најповолните услови.

„Прво се работи за финансиски пакет. Ова е еден редок пакет кој што нема да го контролира Владата, туку веднаш како ќе биде стигнат, ќе биде проследен до тие кои што треба да го користат. Тоа се 250 милиони евра за да се финансираат проекти од општините и сме објасниле неколку пати зошто е тоа така, а вториот е 250 милиони за помош на стопанството. Тогаш ние кажавме дека стопанството ќе може да го користи во договор со коморите и со банките на најповолни можни услови и ете успеавме“, изјави Стојаноски .

Во оваа емисија пратеникот Стојаноски истакна дека каматата за унгарскиот кредит нема да ја плаќаат граѓаните, како што шпекулираат од опозицијата и дека е постигнат историски договор со рекордно најниска каматна стапка.

„Лажеа дека каматата ќе ја плаќаат граѓаните. Ете нема да ја плаќаат граѓаните, ние ќе си ја плаќаме кон кредитот кој што сме го повлекле како држава. Каматата која што ќе ја плаќаат претпријатијата ќе биде рекордно ниска, 1,95%“, рече Стојаноски.

Сузана и Александар од Минхен се меѓу жртвите во потонатиот брод во Египет

Се уште се водат за исчезнати Сузана и Александар А. од Минхен, кои биле на туристичкиот брод „Sea Story“ кој вчера потона недалеку од Марс Алам во Египет.

Во моментот на трагедијата на бродот имало 44 лица, од кои повеќето биле извлечени од водата на безбедно. За жал, Сузана и Александар немале среќа.

Меѓу исчезнатите патници, од вкупно 13, на списокот има и три лица од Германија. Станува збор за неименуван маж, Сузана и Александар А. од Минхен.

Германскиот портал „Билд“ успеа да дојде до список на патници кои се наоѓале во бродот во моментот на несреќата, а портпаролката за надворешни работи изјави дека „ја потврдува информацијата дека се исчезнати тројца германски државјани“.

„За жал, мораме да потврдиме дека тројца германски државјани се исчезнати. Нашата амбасада во Каиро веќе испрати тим во Марса Алам за да обезбеди директна поддршка на самото место. Во контакт сме со египетските власти“, изјави таа за Билд.

Исто така, спасувачите успеале да ги извлечат Лиза Б. и Матијас Б. од Баварија, кои се на болничко лекување, како и уште еден маж од Германија. Во бродот биле и Германците Даниоло Р. и Тобијас Д. од Берлин, но не се знае каде се наоѓаат.

Според египетскиот гувернер за регионот на Црвеното Море, генерал-мајор Амр Ханафи, потрагата по исчезнатите туристи продолжила и утрово. Сепак, шансите за преживување се намалуваат од час во час.

Според Ханафи, јавното обвинителство истражува дали компанијата „Dive Pro Liveaboard“ во Хургада, која управувала со бродот, намерно ги игнорирала заканувачките бури и сепак ја започнала нуркачката експедиција.

"Бранот што го погоди нашиот брод беше невообичаено голем. Вакво нешто досега не сме виделе. Ненадејно удри во чамецот, предизвикувајќи силно да се заниша пред да се преврти. Се обидовме да ги предупредиме патниците, но времето беше многу кратко", рече еден член на екипажот.

„Слушнав вресок од кабините, но многумина не можеа да излезат бидејќи вратите беа затворени, а собата беше полна со вода“, вели еден турист, кој се опиша себеси како искусен нуркач.

„Беше темно, а водата наеднаш не опкружи од сите страни. Се обидов да испливам, но струјата беше многу силна и се чувствував како ќе се задушам“, додал британскиот турист кој на крајот бил спасен со помош на појас за спасување.

Според последните информации на генерал-мајор Амр Ханафи, во бродот имало 13 египетски членови на екипажот, како и 31 турист од Германија, Велика Британија, САД, Полска, Белгија, Швајцарија, Финска, Кина, Шпанија и Словачка. Претходните извештаи говореа дека имало 45 патници.

Иако 28 преживеани биле пронајдени во водата во близина на крајбрежниот град Марса Алам, 13 лица се уште се водат како исчезнати, додека три тела се извлечени од водата претходно денеска.

Историски момент за Формула 1- им се приклучува гигант од САД

Формула 1 официјално објави дека во 2026 година американскиот тим чиј партнер е Џенерал Моторс ќе добие дозвола да се натпреварува во најбрзиот карван во светот.

Според информациите, постигнат е начелен договор за внесување на Кадилак во шампионатот, а новиот тим ќе го користи моторот на Ферари во првите две години.

Планот е до 2028 година да се официјализира соработката со Џенерал Моторс.

Да потсетиме, викендов Макс Верстапен по четврти пат стана светски шампион, по Големата награда на Лас Вегас. До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, во Катар и Обединетите Арапски Емирати.

притисни ентер