ЗОИ 2018: Серва и донесе злато на Канада во ски крос

Канаѓанката Келси Серва го освои златниот медал во дисциплината на ски крос на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг.

Таа постепено ја подобруваше формата, во полуфиналето влезе со втор резултат, за на крајот да биде најдобра кога беше најпотребно.

За 28-годишната Серва ова е втор олимписки медал, првиот го освои пред четири години во Сочи кога беше втора.

На победничкиот подиум покрај Серва место обезбедија и нејзината сонародничка Британи Фелан, како и трето пласираната Фани Смит од Швајцарија.
Воедно, финалето во ски крос беше последното натпреварување во скијање слободен стил на Игрите во Јужна Кореја.

Најуспешна репрезентација е канадската со четири златни, две сребрени и еден бронзен медал.

Силјановска Давкова го поддржува разрешувањето на пет члена на Судскиот совет

Претседателката Сиљановска го поддржува планот на власта за разрешување на членовите на Судски совет избрани од пратениците. 

И претседателката исто како и премиерот и собранискиот спикер смета дека по неусвојувањето на извештајот во Собранието треба да се почне постапка и да се изберат нови членови наместо петмината актуелни – Весна Дамева, Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска. Претседателката ветува дека следните двајца кандидати кои треба да ги предложи таа, ќе бидат професионалци.

„ Идејата е добра, треба да се започне со интерпелации за оние членови за кои навистина има основани сомненија, или тоа ќе се утврди, за разрешување, ако сакаме да отвориме пат. Кога се работи за претставниците на претседателот, номинацијата е многу важна.

Прашање: Какви ќе номинирате вие, Пендаровски претходно сум го прашувал за неговите кандидати, велеше „морам да се консултирам бидејќи нема да поминат“..

- Но, ако не номинирам јас, нема да има избор. Кандидати ќе бидат познати врвни правници, држете ме за збор. “ - Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија

Канал 5 контактираше дел од лично засегнатите членови на Судскиот совет, но тие засега не сакаат да коментираат.

Наспроти најавите на власта, опозицијата е децидно против разрешување на членови на Судскиот совет. Од СДСМ обвинија дека се работи за партизација и директен удар врз демократијата, со оценка дека овој потег е спротивен на реформската агенда на земјава.

Во меѓувреме, работна група на министерството за правда подготвува нов закон за судски совет кој треба да ги заостри критериумите за избор на членовите, дисциплинските постапки, транспарентноста, должината на мандатот, како и дефиницијата „истакнат правник“. Најавено е дека нацрт верзијата ќе биде испратена до Венецијанската комисија пред да биде пуштена во собраниска процедура, но најдоцна до јуни овој закон треба да биде изгласан.

Атрактивен дочек на Дедо Мраз во Ресен

- Општина Ресен приреди атрактивен дочек на Дедо Мраз кој во градот пристигна на градскиот стадион каде традиционално се одржува новогодишен базар.

Годинава одлучивме за нашите најмлади да приредиме невообичаен новогодишен настан, изјави за МИА, градоначалникот Јован Тозиевски.

-Дедо Мраз во Ресен пристигна со голем син балон кој слета на стадионот каде се одржуваше новогодишниот базар на кој беа изложени новогодишните изработки на дечињата од основните училишта, градинките, Домот на културата и Центарот за лицата со посебни потреби и општинско корисна работа. Големо беше изненадувањето за сите посетители, возрасни и деца кои имаа можност да се качат во балонот и заедно со него и да се сликаат во балонот. Мора да признам дека волшебна беше глетката да се види балонот опкружен со насмевки и џагор на дечињата кои добиваа подароци од Дедо Мразот кој ги донесе во балонот, истакна Тозиевски.

Според востановената традиција, градоначалникот Тозиевски за време на новогодишната ноќ ќе ги посети дежурните лица во ресенската полиција, пожарникарска служба и брзата помош.

Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците од општина Илинден

По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта на територија на општина Илинден. 

Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.

Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

Денеска градоначалникот додели новогодишни пакетчиња и за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.

Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме.

Градоначалникот Александар Георгиевски на сите деца им посака во новата 2025 година да имаат здравје, среќа и љубов.

Општина Илинден

притисни ентер