ЗОИ 2018: Канаѓани триумфираа во танцови двојки со светски рекорд

Теса Вурчу и Скот Мојр станаа олимписки шампиони во танцови двојки во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.



Канаѓаните поставија нов светски рекорд со вкупно 206,07 поени и освоија трето олимписко злато, со станаа најуспешни на Зимските олимписки игри. Тие имаат вкупно пет олимписки медали - три златни и два сребрени медали.

Вурчу и Мојр го освоија златото во Ванкувер 2010, како и тимскиот натпревар во Пјонгчанг. Во Сочи, пред четири години, освоија два сребрени медали.

Канаѓаните водеа по кратката програма вчера, а во слободната ја потврдија нивната супериорност со драматично толкување на „Мулен Руж“. Вурчу и Мојр добија втора оценка за настапот во слободната програма со 122,40 поени, но со вкупно 206,07 тие го освоија златото.

- Не знаеме што ќе ни понуди иднината, но по се изгледа дека сме блиску до крајот на натпреварувачката кариера, прокоментира Мојр по натпреварувањето.

Сребрените одличја остануваат за Габриела Пападакис и Гијом Сизерон (Франција). Двократните светски шампиони завршија први во слободната програма со 123.35 поени и направија два светски рекорди - за слободната програма и во општиот поредок со 205.28 поени. Второт постигнување издржува премногу кратко - само до последната изведба на Вурчу и Мојр.

Американците Маја и Алекс Шибутани кои се брат и сестра, заслужија бронза со збир од 192.59 поени, откако завршија пред сонародниците Медисон Хабел и Закари Донахју кој вчера беа трети по кратката програма, но останаа четврти во конечниот пласман.

Рангирање танцови двојки:

1. Теса Вурчу / Скот Мојр (Канада) - 206,07 поени

2. Габриела Пападакис / Гијом Сизерон (Франција) - 205,28

3. Маја Шибутани / Алекс Шибутани (САД) - 192,59

4. Медисон Хавел / Захари Донахју (САД) - 187,69

5. Екатерина Боброва / Дмитриј Соловиев (Русија) - 186,92

6. Ана Капелини / Лука Ланоте (Италија) - 184,91.

Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани

Триесет и деветгодишен маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа.

Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД.

Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите.

Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии.

Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА.

Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру.

Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

Баерн почна преговори со Тен Хаг

 Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг може да ја продолжи кариерата во Баерн, објави на социјалните мрежи новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенбург, во последните недели се воделе преговори меѓу клубот и застапници на холандскиот фудбалски стручњак.

Иднината на тренерот во Манчестер јунајтед сè уште не е одредена. Тен Хег би сакал да го одработи договорот до 2025 година. Но, доколку мора да ја напушти функцијата на крајот од сезоната, тој е подготвен да го води Баерн.

Претходно беше објавено дека сегашниот тренер на Баварците, Томас Тухел планира да го напушти Баерн. Сепак, на 4 мај во медиумите се појави информација според која Германецот би можел да остане во германскиот клуб.

Баерн не ја одбрани титулата во Бундеслигата, додека по 34 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 6. место.

притисни ентер