Знаете ли зошто патниците ракоплескаат кога авионот ќе слета?

Зошто луѓето ракоплескаат кога авионот ќе слета?

Можеби сте се прашале, можеби не, но доколку помисливте дека тоа е така затоа што пилото успешно го спуштил авионот на земја, не сте во право.

Стјуардесата Кара Мулдер го споделила мислењето во нејзиниот блог The Flight Attendant Life. Таа вели дека тој феномен најчесто е поврзан за дестинација на која патувате. Ако одите во Њујокр, за повеќето луѓе (барем Американците), тоа е деловен пат. Ако одите во Лас Вегас, одите да се забавувате. Патниците во 80 отсто од случаите ќе ракоплескаат на втората дестинација.

Според нејзиното искуство, пилото обично добива аплауз ако успешно го приземји авионот наспроти лошото време или некаква друга препрека.

Некои од луѓето кои се често во авионите, забележале дека аплаузите обично се појавуваат кога луѓето се враќаат од дијаспората во татковината, кај семејството кое долго не го виделе.

Уште еден фактор кој влијае на ракоплескањето е зачестеноста на патувањата. Доколку секоја недела сте во авион, сигурно нема да ракоплескате секој па кога ќе слетате.

Доколку самите не сте го започнале аплаузот, а не сте виделе кој е, можно е дека тоа го сторила и самата стјуардеса. Чисто за забава.

Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

притисни ентер