ЖРК Ѓорче Петров против шведски Хорс во плејофот за Лига Европа

 Македонскиот женски ракометен шампион, тимот на Ѓорче Петров, го доби шведски Хорс за противник во баражот за пласман во ЕХФ Европската лига.

Првиот натпревар ќе се одигра на 5/6 октомври, реваншот на 12/13 октомври.

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ривали добија и другите македонски екипи во женска конкуренција.

Тимот на Металург Автокоманда за противник во ЕХФ купот го доби претставникот на Турција, Гореле.

Чаир во истото натпреварување ќе се соочи со Керженг од Луксембург.

Првите натпревари ќе се играат на 5/6 октомври годинава, реваншите се седум дена подоцна.

„Телото испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“- Бора „Чорба“ се бори за живот

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ и еден од најголемите рокери Бора Ѓорѓевиќ е во тешка здравствена состојба.

Пејачот се наоѓа во болница во Љубљана, каде што инаку живее, а последната позната информација за неговата состојба е дека е на кислородна поддршка.

- Сите очекуваме Бока да се подобри - изјавила сестрата на Бора, познатата пејачка, Билјана Крстиќ.

Да потсетиме, Бора е роден во Чачак, град за кој е многу приврзан, поради што секогаш бил нервозен кога настапува таму.

Во една прилика, кога ја изведе песната „Две гитаре“, што ја направи со покојниот басист Миша Алексиќ, ја расплака публиката.

Освен што ја пееше, Бора им ја рецитираше песната и на Чачанци, оставајќи им ја својата последна желба: „Пратете го моето тело во Чачак, во Србија, а во Љубљана, оставете ми го срцето, нека биде таму. Не трошете пари, јас не сум толку важен лик“, објави Курир.

Мицкоски: Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. 

Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

- За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. Тука, потенцираше, работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа.

-Секој кој работи во насока на силни и стабилни институции за мене е родољуб човек кој си ја сака државата за мене е човек кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам, рече Мицкоски.

Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.

Кузеска: Рамадани не избегал туку е ослободен од лица во МВР и институциите

Власта на ВМРО-ДПМНЕ е фатена жива во мега скандал со злоупотреба на државната граница, државните институции и серија прекршувања на законите. 

Се докажа дека не станува збор за бегство на Блерим Рамадани, туку организирано ослободување и пренесување на Косово од страна на високи функционери на МВР и други институции.

ОЈО не смее да молчи и мора итно да соопшти дека започнува истрага. Доколку ОЈО ова не го направи во најкус рок, ќе сметаме дека застанува на страна на МВР и го прикрива овој скандал. Што чека ОЈО, треба веднаш да реагира и за тоа да ја информира јавноста. Прашуваме, дали се штитат нарачателите на оваа партиско-полициска операција?

Христијан Мицкоски вчера во скандалозна изјава, наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за случајот, тој тврдеше дека СДСМ шири лаги. Го прашуваме, како Мицкоски без истрага и без ниедна информација од МВР за тоа како избегал Рамадани, тврди дека СДСМ лаже?

Ова не значи ништо друго освен негов очаен обид да го забошоти случајот. Сите индиции укажуваат дека реализацијата на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово е политички договор кој Мицкоски морал да го исполни.

Доколку не се спроведе целосна, темелна и независна истрага, ќе биде јасно дека и власта и обвинителството решите да го штитат МВР и Тошковски од одговорност, да ги штитат сите останати инволвирани во овој случај, сосе нарачателите и наредбодавачите.

Министерот Тошковски треба да поднесе оставка и да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука. Само така ќе има услови за независна истрага без притисоци.

Бараме декласификација и објавување на снимките од граничниот премин Блаце веднаш. Нека видат граѓаните која е вистината, кој е шериф на границата.

ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат преку камерите и преку граничниот систем за контрола на патници, рече Богданка Кузеска, портпролка на СДСМ.

притисни ентер