Жителите на Лос Анџелес вознемирени од необичното светлечко летало (ВИДЕО)

Полицијата на Лос Анџелес мораше да ги смирува вознемирените граѓани , кои на небото над градот забележале светлечко летало.

Силната светлост на небото во центарот на Лос Анџелес ги вознемири жителите, а некои мислеле дека почнала инвазија на вонземјани.

Други , пак тврделе дека станува збор за метеор. расправата на социјалните мрежи била толкава , како и бројот на повиците за итна помош , што полицијата морала да излезе со соопштение и да ги потсети граѓаните дека живеат во градот на филмската индустрија.

,,Ниту метеор се урна над Лос Анџелес , ниту се случи инвазија ан вонземјани. Сетете се каде живееме, станува збор за снимање на филм.” , соопшти полицијата.

Светлечкото летало било само каскадерски подвиг на тимот Ред Бул Ер. Тимот од тројца каскадери , носејќи силни ЛЕД светла скокнале од хеликоптер на височина од 1 200 метри над градот и со брзина од 190км/час изведувале спектакуларни акробации.

Тие го изведувале перформансот додека над градот имало супер месечина , а потоа ги отвориле падобраните и слетале на улиците на Лос Анџелес.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер