Жестока расправа во грчкиот парламент за преспанскиот договор, пријавени за збор 205 пратеници

Ден пред денот „Д“, неизвесност, воинствена реторика и емоции во грчкиот парламент.

Опозицијата категорично бара да го види конечниот и пречистен текст на македонскиот устав со се вметнатите измени, власта уверува дека нема ништо спорно и дека грчката страна добила многу повеќе отколку македонската.

-Бараме да биде доставен македонскиот устав. Тоа е неопходно и предуслов за дискусија за да имаме јасна слика за што треба да гласаме. Не смееме да го прифатиме ризикот Скопје да го задржи Уставот каков што е, од дополнителна резолуција, која Скопје ќе ја користи кога ќе посака, изјави Никос Дендиас, координатор на пратеничката група на Нова демократија.

-Сите ваши прашања се одговорени. Од првиот момент ја презентиравме содржината на вербалната нота со целосниот текст и превод, вклучително и текстот на уставните измени. Вие сега барате да ги видите вградените измени во нивниот устав. Тоа не е возможно, зошто нивниот устав предвидува измените да бидат сместени на крајот, вели Катругалос, алтернативен министер за надворешни работи на Грција

- Владата треба да одговори дали и натаму инсистира на ставот дека секој народ има право на самоопределување. Ако е така, значи дека воопшто и не треба да гласаме за каков било договор, изјави Панос Каменос, лидер на Независни Грци

Неизвесноста во Собранието го подгрејаа и информациите дека опозициската Нова Демократија планира да побара гласање недоверба на владата на Ципрас, чин што целиот процес околу Преспанскиот договор би можело да го оддолжи и до понеделник. Доколку се оди на гласање недоверба, актуелната расправа се прекинува и се пристапува кон вториот процес, кој може да трае најмногу три дена. Зад ваквата иницијатива би застанела и партијата на Каменос и Река на Теодоракис.

-Одлуката е утревечер да биде гласањето. Но, сите знаеме дека од вчера, а сите го знаеме тоа, се споменуваат различни сценарија вклучително и предлог за гласање недоверба. Што е до мене во никој случај, освен ако нема друга интервенција, нема причина гласањето да не биде утре вечер, изјави Никос Вуцис, претседател на Собранието на Грција.

Пендаровски: Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои

Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

-Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците, се наведува во порака.

Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина, се посочува, го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

-Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов, стои во пораката од претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик.

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа.

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Соопштението дојде на денот кога се очекува да продолжат разговорите во Каиро за потенцијалниот договор.

Се верува дека договорот за кој се разговара се состои во неколку фази. Во првата фаза би биле ослободени ограничен број таканаречени „хуманитарни“ заложници за неколкунеделно примирје.

Во следните фази, уште повеќе затвореници би биле ослободени во замена за Палестинците во израелските затвори, а постои можност и за воспоставување поцврсто примирје.

Хамас, сепак, инсистира дека нема да се согласи на договор кој не вклучува крај на војната.

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник.

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Соборниот храм во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изборите во среда.

- На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во Парламентот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски изрази благодарност до граѓаните кои гласаа за Силјановска Давкова во првиот круг и додаде дека се чувствува дека во среда ќе има масовност за глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер