Жената која го глумеше Исус на отворањето на ОИ во Париз:Ми се закануваат со силување и убиство

Барбара Буч,која минатиот петок настапи во делот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри за време на која беше исмеана уметничката фреска на Леонардо да Винчи -Последната вечера,пријавила во полиција дека ѝ се заканувале силување и убиство.

„Од церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз, уметничката, диџеј и активистка Барбара Буч е цел на радикално насилна кампања на онлајн вознемирување и клевета“, рече нејзината адвокатка Одри Мелати во официјалното соопштение. Таа додаде дека ѝ се заканувале со смрт, мачење и силување и дека била цел на бројни антисемитски, хомофобични и сексистички навреди.

Овој настап предизвика лавина негативни реакции, а минатата недела организаторите на Олимписките игри во Париз им се извинија на католиците и другите христијани кои беа налутени од кич сцената на свеченото отворање. Настапот, во кој членовите на групата Drag Race France, трансродовиот модел и голата пејачка учествуваа во улогата на античкиот грчки бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.

Исус го „глумеше“ Барбара Буч, 43-годишна Французинка позната по ЛГБТ активизмот и промоција на дебелината. Таа носеше круна во стил на ореол направена од кожа, дрво и кристали Сваровски.

Израел соопшти дека во нападот во Бејрут загинале околу 10 команданти на Хезболах

Високиот командант на либанскиот Хезболах Ибрахим Акил денеска е убиен во израелскиот напад врз Бејрут, изјави извор близок до проиранската екстремистичка организација.

Портпаролот на израелската армија на арапски јазик Авичаи Адраи изјави дека неколку други команданти на Хезболах се убиени заедно со Акил во денешниот напад во Бејрут.

Како што јави АЛ Џезира, либанската група се уште не ги коментирала воздушните напади.

Либанските здравствени власти соопштија дека во нападот загинале девет лица, меѓу кои и деца. /MИА

Илјадници луѓе на погребот на Скилачи

Илјадници луѓе присуствуваа денеска на погребот на легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи во Палермо, кој почина во средата на 60-годишна возраст.

Роден и израснат во Палермо, легендарниот Скилачи никогаш не играше за локалниот клуб, а по завршувањето на кариерата отвори младинска фудбалска академија во родниот град.

Покрај цвеќиња, на ковчегот на последното испраќање на Скилачи беа ставени и дресовите на Италија и Палермо, како и шаловите на клубовите за кои настапуваше – Месина, Јувентус и Интер. Кариерата ја заврши во јапонскиот клуб Џубило Ивата во 1999 година.

На погребот присуствуваа многу поранешни фудбалери и соиграчи, меѓу кои и Џузепе Бергоми, како и поранешни и сегашни челници на Италијанската фудбалска федерација. На влезот во катедралата беше поставен венец испратен од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со порака: „Херој на Италија 90“.

Скилачи беше најдобар стрелец на Светското првенство во 1990 година со шест голови, а беше прогласен и за најдобар играч на тоа првенство во Италија. За италијанската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна седум голови./MИА

НБА: Ембид го продолжи договорот со Филаделфија

 Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид денеска потпиша повеќегодишен договор со НБА клубот.

Филаделфија ја објави информацијата преку социјалните мрежи, но не прецизираше други детали.

Според американските медиуми, Ембид го продолжил договорот на уште три години и би можел да остане во клубот до крајот на сезоната 2028/2029 година, кога кошаркарот ќе има опција да го продолжи договорот.

Ембид, наводно, ќе заработи 193 милиони долари во тие три години, што значи дека вкупната вредност на неговиот петгодишен договор со Филаделфија изнесува 301 милиони, што би бил еден од трите најголеми договори во историјата на НБА.

Ембид (30) ја освои наградата за најкорисен играч во НБА (МВП) во 2023 година и заврши на второто место во гласањето за МВП двапати (2021, 2022), двата пати зад српскиот кошаркар Никола Јокиќ. /МИА

притисни ентер