Жаклина Пешевска: Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев

СДСМ во паника од неминовниот изборен пораз шири говор на омраза и антисемитизам.

Нападите на функционери на СДСМ кон министерката во МТСП Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка е еклатантен пример за говор на омраза.

Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во стилот на нацистите на Хитлер, повика Рашела Мизрахи да биде обележана со давидова ѕвезда затоа што е Еврејка. СДСМ повикува на обележување и линч на македонските евреи како Рашела Мизрахи.

Активистката на таканаречената шарена револуција Видана Бошкова Мицевска во стилот на Смаиловиќ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија, а Рашела Мизрахи Еврејка која соработува со нацистите.

Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните.

Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој. Затоа бараме итно извинување од СДСМ и Зоран Заев за говорот на омраза на нивните функционери.

Ова ли е општеството на еднакви граѓани за кои лажеше Заев.

Заев и СДСМ под итно да престанат со говорот на омраза.

Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата.

Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ

Ваквата политика на поделби ќе биде поразена на изборите на 12 април.

Политиката на поделби е резултат на нервозата и стравот од пораз. Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев.

Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

До 9 час. излезноста за претседателските избори е 4, 34 проценти, за парламентарните 4, 66 %

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Ќе се гласа до 19 часот..Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица .

Според информациите на Државната изборна комисија до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4, 34 %., а за парламентарните одзивот е 4, 66 проценти од гласачите. Најмала излезност има во Боговиње.

Пред државната изборна комисија е Елизабета Дамјаноска Спасеновска .Повели Бети со информациите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Си: Посетата ќе отвори ново поглавје и поголем опсег во односите меѓу Србија и Кина

Илјадници луѓе присутвуваа на свечениот пречек пред Палатата Србија со што започна официјалниот дел од посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Според планот на посетата, треба да се одржи пленарен состанок на делегациите на Србија и Кина предводени од двајцата претседатели, по што ќе следи церемонијата на потпишување на Заедничката изјава и размена на потпишаните билатерални документи.

Кинеската делегација брои околу 400 членови, а за време на посетата се планира да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области.

Претседателот Си Џингпинг синоќа по пристигнувањето во Белград изјави дека челичното пријателство на Србија и Кина пуштило длабоко корени во срцата на двата народа и дека е убеден дека оваа посета ќе биде плодна и ќе отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји.

-Кина и Србија си пружија цврста поддршка за прашања кои се однесуваат на нашите суштински интереси и големи грижи. Ние заеднички ја поддржавме меѓународната правичност и правда и придонесовме со нашиот удел во промовирањето на мирот и развојот во светот, соопшти Си во изјавата објавена од Амбасадата на Кина во Србија.

Тој потсети дека двете земји договорија сеопфатно меѓусебно ослободување од визите, отворија директни летови и потпишаа договор за слободна трговија, а дека размената меѓу луѓето станува се поголема.

„Застанувајќи на нова историска почетна точка, Кина ќе работи со Србија за да остане посветена на првобитната аспирација и заедно да напредува во отворањето на нов поглед во соработката меѓу Кина и Србија со посилен замаец, поголем опсег и повисок квалитет“, порача кинескиот претседател.

Тој претходно истакна дека без оглед на промените во меѓународната ситуација, Кина и Србија остануваат вистински пријатели и добри партнери и дека челичното пријателство на двете земји континуирано се зајакнува, со што е пример за соработка меѓу државите и народите.

притисни ентер