Жаклина Пешевска, Фатмир Битиќи и Даниел Стојчевски во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Жаклина Пешевска, Фатмир Битиќи и Даниел Стојчевски.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат носителите на листи во втората изборна единица Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, Фатмир Битиќи од СДСМ и Даниел Стојчевски од ЗНАМ.

Бојкот, црни сценарија или масовна излезност кој ќе честита, а кој ќе оди во опозиција на 8 мај? Се знае ли веќе кој со кого ќе седне на Илинденска?

Пазарлукот почна, ќе бидат ли условите посилни од слатката власт?

Ќе го стигнеме ли возот за ЕУ и како? Дали и корупцијата ќе се испречи на патот?

Вечерва во Само Вистина, Елизабета Галевска со Жаклина Пешевска, Фатмир Битиќи и Даниел Стојчевски, веднаш по вестите.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер