Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната медицинска помош

Поради топлотниот бран што ја зафати земјата со многу високи температури од портокалова фаза, бројот на повици кон службата за Итна медицинска помош (ИМП) во изминатиот викенд е зголемен, како за интервецнии така и за совети. 

Во неделата екипите на ИМП имале околу 80-тина интервенции, а во саботата 76 интервенции.

Како што информира за МИА др. Весна Неделкоска, шеф на смена во ИМП, покрај тоа што се јавуваат на бројот 15123, пациенти се јавуваат и на 194 за совети во врска со нивната здравстевна состојба.

– Најчесто се јавуваат хронично болните како и во колкава мера да ја кориостат својата терапија. Главно тоа се срцево болни со кардио-васкуларни заболувања, хипертензии, мозочни удари, вели др. Неделкоска.

Во врска со акутните проблеми предизвикани од топлото време во ИМП е регистриран зголемен број колапси на јавно место

– Бележиме зголемен број на колапси на јавно место околу десетина за едно деноноќие. Се бележат и зголемен број сообраќајни нерсеќи, што може да биде и последица на влијанието на високите темепратури врз способноста на возачите, вели др. Неделкоска.

Препораките за справување со горештините остануваат исти. Особено, нагласуваат од ИМП, треба да се придржуваат на препораките на Министерството за здравство, за топло време и топлотни бранови и луѓето што се хронично болни, а не се во групата лица на возраст над 60 години.

Заради превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство донесе препораки да се ослободат од работните обврски најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено во посочениот период да ги запрат активностите, што особено се однесува на градежните работници.

Во текот на екстремно топли денови се препорачува да се остане подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор, да се прават почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, како и помало количество храна, главно овошје и зеленчук, да се избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило тоа одреден период да се проветри, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. /МИА

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ.Се вели во писмото кое било испратено еден ден пред писмото на косовската владата да биде упатено до претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.

Саборот ќе гласа за новата хрватска влада

Хрватскиот Сабор денеска ја избира новата влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе брои 18 членови, меѓу кои и тројца министри од Движењето Татковина.

Владата во Парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт.

Покрај членовите на Владата од Движењето Татковина, од кои дел се поранешни членови на ХДЗ, извршната власт останува непроменета кога станува збор за личности.

Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети - успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

„Гответе со Дракче“ - Солени вафли

Во четврток  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Брезева.

Состојки за денешниот рецепт:

2 јајца

200 гр. пченкарно брашно

50 мл. маслиново масло

100 гр. спанаќ

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер