Зголемен број интервенции на пожарникарите од Кочани

Територијалната противпожарна единица од Кочани евидентирала зголемен број интервенции во деновите од празничниот викенд, главно за гаснење пожари и укажување помош на граѓани.

При увидот во состојбата што ја направи градоначалникот Николчо Илијев, кој раководи и со Општинскиот кризен штаб, беше укажано дека поради користење уреди во домаќинствата и оптоварување на електричната инсталација, зголемен е ризикот од пожари. Исто така, дел од граѓаните ги злоупотребуваат мерките за ограничено движење и неовластено палат оган на отворен простор.

– Викендов гасневме пожар што настанал при палење автомобилски гуми од страна на несовесни граѓани, кои и покрај забраната за движење, излегле надвор од своите домови. Интервениравме и при укажување прва помош и извлекување човек кој паднал во коритото на Кочанска Река. Во Ромското Маало наша екипа гаснеше пожар предизвикан од палење оџак во куќа и за среќа нема повредени лица, но регистирана е материјална штета, истакна Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Од Територијалната противпожарна единица упатија апел до граѓаните внимателно да ги користат електричните и други уреди во домаќинствата, а предупредија и на зачестената појава земјоделците да ги палат стрништата во текот на вечерните часови, за да го намалат ризикот да бидат откриени и казнети. Тоа дополнително им го отежнува пристапот на пожарникарите до местото за интервенција, поради што е зголемена опасноста од пожари кај овошните и лозовите насади што се во близина./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер